Мисајловски во интервју за КУРИР: ВМРО-ДПМНЕ јако ќе победи на следните избори

Интервју на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за порталот Курир

Предлогот кој го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, според Мисајловски е европски и чесен. Од оваа идеја, вели партискиот потпретседател, бегаат премиерот Заев и неговите најблиски соработници за утре да можат да се заштитат самите себеси.

-Ова е интересна практика која ја има во Европските држави. Интересна е како можност, но и добра е како практика да ја примениме. Се зборува за еден шпицен кандидат, односно новиот мандатар кој ќе ја направи Владата. По Устав, секој кој ќе биде кандидат за пратеник мора да биде пратеник, но целта ни е тој што ќе победи нека ја состави Владата, но тој што ќе изгуби ајде да видиме дали ќе си поднесе оставка. Ние мислиме дека Зоран Заев по секоја цена сака да го има утре имунитетот и тој како пратеник да се заштити самиот себеси за сето она кое го направил. Не само тој, и тие најблиски луѓе околу него сигурно ќе ги видиме на пратеничките листи за да имаат имунитет, за да имаат фотелја во Собранието, да можат да се штитат поради сето тоа што го направија. Затоа ние велиме, ајде да излеземе со овој предлог, па да видиме кој ќе ја состави новата Влада, бидејќи тие се фалат дека многу добро работат, ајде да го видиме тоа. Да видиме кој ќе ја состави Владата. Многу чесно, многу европски и ракавицата е фрлена. Но, мислам дека ќе избегаат и од ова. Ова е нешто ново да го примениме во Република Македонија, а од друга страна да се види карактерот на тој што ќе биде прв човек утре кој ќе ја прави Владата, истакна Мисајловски.

Во интервјуто за КУРИР, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ обелоденува дека партијата веќе има започнато со кампањата, но дека сакаат да направат нова кампања преку која сите граѓани ќе можат да го кажат своето мислење, да дадат предлог проекти, предлог идеи, но и критики и совети за тоа во кој правец треба да се движи оваа партија.

-Потоа таа програма која ќе ја направиме, утре да си ја прочитаат луѓето дека тоа го предложиле како идеја и иницијатива. Веќе собравме премногу идеи, но уште продолжуваме. Има и посебен тим во партијата кој ги собира овие идеи и заедно со Комисиите почнаа да ја прават предлог-програмата. Најдобрите проекти ние би сакале да ги избереме и утре да ги промовираме. Тие што се стратешки, тие што се капитални, но има и многу лични барања за луѓето каде што имаат проблеми со различни институции, администрација и слично. Од друга страна најважното нешто е да биде тоа една народна програма. Ние многу пати во минатото сме имале огромни програми и повторно ќе имаме огромна програма и тоа што е најважно за брендот на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ќе го ставиме во програмата тоа утре и да го исполниме. Но, не само тоа, и сите други предизвици додека бидеме на власт да ги решаваме во од, но и да понудиме нови решенија. Во овој Буџет сега што власта го понуди, ние можеме да видиме еден популистички Буџет и тоа е сега во Собрание моментално каде се разговара за многу работи и тие велат дека ќе вложуваат во човечкиот капитал. Тоа не е вложување. Тие само пробуваат на некој начин поради лошите политики, дополнителни средства да стават во Буџетот за многу гранки само со една цел, да им кажат на граѓаните „еве ние ќе покачуваме плати и пензии“, но не е така. Тука немате капитални проекти, немате стратешки проекти. Тоа е чист популизам на еден месец пред техничка Влада. Сите можеме да сфатиме што е причината. Причината е поради тоа што на најважните 7-8 теми во општеството народот е многу негативно расположен кон СДСМ. Сега тие, како тоа негативно расположение да го стопат во одредени гранки, пробуваат како да шприцаат пари, да качуваат плати и пензии, но и тоа нема да се случи. Ќе го напумпаат толку Буџетот што утре повторно ќе нема капитални инвестиции и ќе нема тој Буџет развој, а од друга страна нема доволна економска активност во Република Македонија за да се полни Буџетот, истакна Мисајловски во интервјуто за КУРИР.

Оценува дека со овој Буџет, Македонија може да прави нови економски програми, но оваа Власт има чист популизам.

Мисајловски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на претстојните избори.

-Ние се спремаме за избори, анкетите се сè подобри и подобри, но не се толку важни анкетите како што е расположението на граѓаните. Дури и тие неопределени граѓани што на минатите избори излегле и не ни дале поддршка, се многу разочарани. Најголем дел од нив нема ни да излезат воопшто да гласаат поради таа апатија што се случува во Македонија, им ја дале шансата на СДСМ. Толку се разочарани што се гледа тоа. Народот веќе јавно зборува дека многу брзо ќе се смени власта. Сите тоа го знаат и се чусвтвува. Кој може тоа да го побие, само власта ако сака да си прави ПР алатка за како да си го мотивира членството дека нема да изгуби. Но, набрзо ќе има смена и набрзо ќе почне техничката Влада. За отприлика 30-тина дена почнува техничка Влада каде ние директно ќе учествуваме во таа Влада и многу подобро некои работи ќе се дознаат што се случувале, а од друга страна ќе имаме подобар терен за изборите каде што ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и мислам дека овој патб ќе им стане јасно на СДСМ дека не се за власт и дека најдобро им е да си останат во опозиција уште многу години, порача Мисајловски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...