Мицкоски оствари средба со Кристијан Данијелсон

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес остварија средба со генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Данијелсон.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, клучните предизвици со кои се соочува Македонија и престојните парламентарни избори.

Мицкоски истакна дека клучниот проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата, додавајќи дека власта не прави ништо да ги искорени овие проблеми, напротив голем број актуелни партиски и државни функционери од СДСМ се вмешани во случаи на висока корупција кои се уште немаат правна разрешница.

Говорејќи за нужните реформи кои се потребни на полето на правосудстовото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека Владата на Заев се соочува со системски недостатоци на полето на реформите.

Мицкоски потенцираше дека стратешки интерес на ВМРО-ДПМНЕ и државата е членството во Европската Унија и дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја стави Македонија на брза траса за членство во  Унијата.

Тој пред соговорникот ги претстави и трите столба на кои ќе се базира програмата на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се правдата, дигитализацијата и македонизмот.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.