Димков: Ние како опозиција предупредуваме дека овој буџет не е добар

На денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков посочи дека четврти ден се дебатира за предложениот буџет од страна на сега новата министерка за финансии. А, заменикот министер постојано не следи и ги знае нашите барања, и можеби ќе се повториме во некои работи. Буџетот е предложен пред се од владата предводена од СДСМ, а ние како опозиција сме тука да им објасниме на граѓаните што всушност нуди владата во следниот период.

Граѓаните треба да знаат со што и во кој правец владата предводена од СДСМ ќе го движи правецот на фискалната политика. Меѓутоа тоа не само фискална политика туку општо за развојот, за проектите, размислувањата. И во кој правец всушност ќе се движи Македонија во еден економски социјален план, појасни Димков.

Димков додаде дека како опозиција своето мислење ќе си го искажат, и преку амандмани се нуди решение, подобрување на одредени проекти.

Генералната политика си ја гради владата, а ние со амандмани пробуваме да интервенираме некаде кај што сметаме дека може да се помогне на барање на граѓани кое што го правиме тоа врз основа на посети на населени места и барања кои што стигаат до нас како пратеници и пратеничка група со цел да се помогне некаде каде што владата не предвидела дека треба нешто да се помогне. Сакаме да предупредиме, рачунаме дека овој буџет не е добар, се осврна Димков.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....