Честојнова до СДСМ: Ова е популистички, предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните на Република Македонија

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека оваа влада е толку неспособна што за овие три години ниту 10% од ветените проекти нема ништо исполнето.

Веќе четврти ден овде на Комисија за финансирање и буџет расправаме за буџетот 2020 година. И секако за последниот буџет кој оваа влада за среќа го прави. Не знам дали има нешто, дали остана нешто во овие 4 дена што од страна на моите колеги не е кажано. Но сепак испровоцирана од некои работи се јавив за дискусија, појасни Честојнова.

Честојнова додаде дека не постои никаква дилема за тоа дека овој буџет предложен од министерство за финансии воопшто не е развоен како што се обидува да се прикаже. Напротив ова е популистички, предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните на Република Македонија.

Повеќе од јасно е дека ова т.н. инвестирање во човечки капитал го користите како евтин популизам и груб обид за поткуп со државни пари. Но за среќа народот ве прочита и не верува повеќе во вашите предизборни лаги. Не ви верува, затоа што ниту 10% од вашата програма од парламентарните избори во овие три години не успеавте да исполните, нагласи Честојнова.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.