Мицевски: Отсуството на министрите на пратенички прашања само го отсликува односот на целата влада на СДСМ кон граѓаните

Kоординаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Никола Мицевски повика на посериозен однос од страна на 28-те министри од владата на СДСМ кои скоро никогаш не присуствуваат во салата кога на дневен ред се пратенички прашања.

-Денеска од 28 министри во собранието се присутни само 5. И ова не е прв пат. Односот на министрите од 28-те министерства во владата на СДСМ кон пратениците, го отсликува односот на целата влада кон граѓаните. Ова е веќе редовна пракса, на пратенички прашања кои се одржуваат еднаш месечно, да ни доаѓаат замениците министри, а некои министри во оваа сала немаат ни влезено од денот кога станаа министри. Затоа би замолил за посериозен однос и барем на последните пратенички прашања на оваа влада на заминување, да бидат присутни министрите за да можеме да ги поставиме прашањата, рече од говорницата Мицевски.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....