Манаскова: Со формирањето на работната група за скандалот во МНТ само се одолговлекува разрешницата за случајот

Прво сакам да реагирам за неприсуството на министерот за култура на оваа седница за пратенички прашања. Откако господинот Хусни Исмаили ја презема функцијата министер за култура на Република Македонија, тоа беше последниот пат кога ние како пратеници го видовме во Собранието во Република Македонија. Меѓутоа освен што не се појавува, не не удостојува како пратеници ниту со соопштение, известување на што се должи неговото неприсуство, на што се должи неговото непочитување на домот на демократијата и на што се должи непочитување на институтот пратеничко прашање? Јас се надевам дека како Собрание ќе реагирате на ваквиот однос на извршната власт кон собранието на РМ, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната собраниска седница за пратенички прашања

Првото пратеничко прашање на пратеничката Манаскова се однесуваше на немилиот настан којшто се случи во текот на минатата недела во МНТ, и како резултат на тоа што се случи се констатираше одредено оштетување на овој значаен објект од областа на културата. Имено таа укажа дека откако е пуштен објектот во употреба се одржале најразлични манифестации, се одржале голема бројка на театарски претстави, поминале илјадници и илјадници гледачи.

-Ова што се случи во МНТ нормално е да се загрижиме околу тоа затоа што сите политички партии го осудија овој инцидент вклучително и вашата политичка партија , меѓутоа и вие лично како премиер, но господине Заев никој не поднесе одговорност за овој настан. Наместо некој да поднесе одговорност, се формираше работна група да ја утврди фактичката состојба, но замислете во таа работна група членува и директорката на институцијата, решавањето, поднесувањето на одговорност се сведува на тоа дека, ако сакате нешто да не се реши формирајте работна група. И покрај тоа што постојат снимки на кои многу јасно се гледа кој се однесува недолично, кој ги врши тие оштетувања, институциите сепак потфрлија во расчистувањето на овој скандал, потенцираше таа.

Манаскова запраша дали владата на СДСМ и Заев не сметаат дека со формирањето на работната група само се одолговлекува разрешницата на скандалот во МНТ и рече дека ќе побара писмено да и се достави договорот кој е вклучен меѓу оние коишто го побарале овој објект за да го одржуваат ваков настан и директорката на установата.

Моето второ пратеничко прашање се однесува на потпишувањето/непотпишувањето на колективниот договор за вработените во културата, односно дали ќе биде исполнето ветувањето кои што им е дадено на вработените во културата поточно на синдикатот дека до крајот на годината ќе го потпишете колективниот договор, праша таа.

Имено Манаскова додаде дека вработените во културата најавиле штрајк кој ќе започне од 16 декември и прашуваат зошто работната група за колективниот договор е прекинета без никакво образложение, зошто и покрај сите апели за нејзино продолжување работната група не се активира и дали може министерството за култура да кажете дека сеуште важи ставот дека ќе се потпише колективниот договор со спроведување од 01.01.2020?

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...