Јанушев до Манчевски: Како не ви е срам што клеветите дел од луѓе кои ве бранеле на 27-ми април дека сакале да ве убијат, сега тие лежат затвор на правдина

Вие Манчевски клеветите луѓе кои ве бранеле на 27-ми април. Зошто не кажувате дека ве бранеле. Вие за истите велите дека сакале да ве убијат. И сега конечно признавате дека немало тероризам, ама луѓе лежат невини, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки му се на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на дебатата на Телевизија 24.

Јанушев категорично кажа дека се затворени луѓе по 20 години затвор.

-Сите што сториле насилство, секој кој тепал треба да одговара за делото што е направено. А што се направи, се затворија луѓе за тероризам. Вие затворивте луѓе по 20 години затвор за тероризам, а меѓу нив има и невини, рече Јанушев.

Според него ВМРО-ДПМНЕ за да се огради треба да стои позади настанот на 27-ми април, а ВМРО-ДПМНЕ не стои.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.