Димков: Сеуште не се обештетени подносители за поплавите кои го зафатија Штип пред неколку години

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Трајчо Димков во своето обраќање зборуваше за поплавите кои гo зафатиja Штип пред неколку години.

-Преку општинската комисија има поднесено пријава и извештај и елаборат во второстепената комисија на Министерството за финансии за барање за обештетување. По поднесениот првичен извештај во Штип вкупниот број на подносители на пријави за претрпени штети изнесува 159 пријави каде има штети на имоти на физички лица, правни субјекти, институции и тоа штети во делот на инфраструктурата, уништени поседи, деградација на земјиштето. Досега по оваа пријава од општината се имаат обештетено само 75 лица, тоа е добиен допис од бирото за судско вештачење. Од АФПЗРР има информација дека само еден дел од оштетените од општинската поднесена листа од извештајот биле обештетени по друг основ на ресурсни средства за што нема детали, имиња, или износ. Неисплатени биле уште 83 подносители, физички лица, правни субјекти, фирми, институции. Меѓутоа одговор на ова прашање кое го поставувам дали и кога ќе се обештетат останатите подносители воопшто не е одговорено и нема ништо во однос на тоа, истакна пратеникот Димков. Тој потенцираше дека нема одговори од страна на владата во делот на неговите прашања, имаат неточни информации во одговорот и во поголем дел во одговорот она што нему ми го даваат се повторува неговото прашање.

-Зборувате за 42 лица што се исплатени, нема таков податок како што знам јас. 2 лица неисплатени поради несоодветни податоци, нема и ваков податок а и нема барање до општината за дополнување на документи. Значи според ова може да се виде дека нешто напамет е пишувано ова, укажа Димков. Пратеникот запраша дали второстепената комисија и Бирото за судски вештачење имаат пратено писмен одговор до физички лица дека постапката за штетите во општина Штип сеуште е во тек. -Имаат пратено меѓутоа писмото до сточар Ѓоре од Селце, а одговорот се однесува на штета на лицето подносител. Тотално конфузно, не знам кој ви ги дал овие информации, додаде Димков.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...