Денес пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамческа Илиевска на собраниска седница посочи дека власта никако да ја пушти во употреба амбулантата во село Љубанци, ниту пак да се изгради ветената поликлиника во Бутел, на место на постоечката амбуланта.

После долго време на лобирање во врска со ова прашање со реновирање на амбуланта и пуштање во употреба на постоечката амбуланта во селото Љубанци, како и изградба на поликлиника на местото на постоечката амбуланта во Бутел, денеска имам еден одговор на мое пратеничко прашање кое што би можела да го квалификувам како делумен.

Повторно немаме конкретни преземени активности и покрај тоа што за ова прашање го повлеков како пратеник од Бутел уште на почетокотт на овој мандат. Исто така имам поднесувано и бројни амандмани дури и за буџетот и за ребаланси, нагласи Дамческа Илиевска. Дамческа Илиевска додаде дека власта не се одзва да направи вистински чекори по однос на ова прашање.