Андоновски: Бизарно е СДСМ да се оградува од Јанева и СЈО, бидејќи таа беше условот на Заев

Бизарно е сега СДСМ да се одлепува од СЈО и од бонусите на СЈО, со изговор дека тие си правеле таму нешто и ние ништо не знаеме, кога огромен дел од луѓето кои што се вработени во СЈО се синови, ќерки, деца, внуци и братучеди на сегашни и поранешни владини функционери. Да не заборавиме еден податок, а тоа е дека 4 месеци преговорите за Јавното обвинителство беа застанати затоа што аргументот на Заев и министерката за правда беше дека Катица Јанева е услов, ова го истакна советникот за меѓународни односи Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина.

Андоновски вели дека жално е што Републичкото јавно обвинителство не реагирало и не покренало истрага за трошењето на државните пари од страна на Јанева и СЈО кога ВМРО-ДПМНЕ го барале тоа бидејќи тие предупредувале дека постојат индиции за сериозен криминал и злоупотреба.

-Жално е што на нашите барања за истрага на Јанева, немаше никаква реакција од Јавното обвинителство. Туку од сега откако се слушна во јавноста дека јаделе по 9 килограми лешници Јавното обвинителство започна процедура. Дури за ова прочитав и еден интересен статус каде што вели да не работеле верверици во СЈО, посочи тој.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...