Јанушев:На Заев и криминалците околу него не им одговара правда и правна држава

Аферата “кеш” покажа дека нема правда, ама кеш за власта имало, и тоа многу. Покажа и дека СЈО е една алатка на власта за корупција и заштита на криминалот на власта.

Во моментот кога криминално-рекетарската банда на власт се осигура преку правна дивоградва дека предметите со кој СЈО врши притисок ќе се префрлат во исто компромитираното ЈО, изгуби интерес да донесе закон за обвинителство. Зошто? Затоа што на Заев и криминалците околу него не им одговара правда и правна држава.

Полицајци, обвинители, деца и роднини на обвинители биле дебело платени за конструирање, притискање, рекетирање, ама не од џебот на Заев, туку од парите на сите, а за интересот на Заев.

Па така медиумите во Македонија објавија дека:

• Командантот на Алфите, Примислав Димовски земал – 40.000 евра од државата,
• Поранешниот директор на БЈБ, Лазо Велковски – 33.000 евра.

Вработените во СЈО на “висина” на задачата и примањата на обвинителите од СЈО:

• ќерката на обвинителката Елизабета Јосифовска, Елена Јосифовска – 30.000 евра,
• синот на судијката Мира Ангелеска, Стојан Ангелески – 30.000 евра,
• Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми – 26.000 евра,
• ќерката на директорот на Катастар Борис Тунџец, Катерина Тунџева – 20.000 евра,
• ќерката на поранешниот директор на Мепсо Сашо Василевски, Марија Василевска – 14.000 евра,
• синот на сусијката Лидија Неделкова, Давид Неделков – 13.500 евра.

Да редам ли уште? Аферата “кеш” продолжува. И таа кажува дека се работело за “пусти пари”!

П.С. – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Мицкоски даде конкретен предлог, слично со европските пракси, секоја коалиција да одбере кандидат за иден мандатар на владата чие име ќе се знае пред изборите, а тој што ќе загуби на изборите да се повлече од политиката. Нешто многу голем молк во СДСМ, м??? 😉

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....