Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Јади бурек“ во ТВ Сонце вечерва истакна дека владата фиктивно и интервенционистички ја зголемила минималната плата, тоа рефлектирало со зголемување на просечната плата,со тоа го укинала основот за зголемување на пензиите и им скратила на пензионерите 1.500 денари коишто требало да ги добијат.

-Ние имаме ситуација кај пензиите од 01.01.2019-та го укинаа законското решение каде што пензијата два пати годишно, еднаш во јануари месец, и еднаш во јули месец се нивелираше по два основа. И тоа по првиот основ зголемување на трошоците за живот и вториот основ, по основ на зголемување или намалување на просечната плата во државата, вели Мицкоски.

Тој изјави дека владата сфатила дека нема доволно пари во буџетот за да го сервисира вториот столб затоа и го укинала, па отсега натаму на пензионерите ќе им ја нивелираат пензијата според трошоците за живот.

-А трошоците за живот се минимални, некогаш и негативни, владата пензијата ја зголеми за смешни 36 денари, па тоа создаде револт од страна на пензионерите. И сега наеднаш откако им укинаа на пензионерите 1.500 денари за 2019 година и потенцијално за 2020 година, 750 денари сега, и 750 денари за 2020 година, велат дека еднократко ќе ги зголемат за 700 денари, откако им укинаа 1.500 денари, тоа е лицемерие, посочи Мицкоски.

Тој исто така со критика кон владата вели дека таа не може да води ваква политика без стратегија, затоа што ако не го укинеше тој втор столб пензионерите ќе ги имаа овие пари и плус зголемување за 2020 година, наместо негативно да го напаѓаат она што го говори опозицијата на прес конференции, излегува дека или не знаат, или ја лажат јавноста, вели Мицкоски.