За каква правда зборуваме ? – запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Сонце. Тој споменувајќи ги ветувањата за правда на Зоран Заев упатени кој семејството на Мартин Нешковски и момчињата убиени кај Смилковското езеро, истакна дека Заев ги пуштил криминалците да избегаат, а претходно ги злоупотребувал човечките судбини.

-Злоупотребуваа човечки судбини ќе ве потсетам, клечеше во домовите на оние невини дечиња кај родителите од Смилковско. Клечеше во домот кај Нешковски и ветуваше дека ќе ја истерал правдината. Која е правдината? За која правдина зборуваше? Што ги пушти злосторниците од затвор, да ги бараме по светов, па денеска не можеме да ги најдеме, бегаат како гулаби преку граница. Што зборуваме која правда?- запраша тој.