Некој од владата го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот „Рекет“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Овие фрапантни наводи кои ги сподели со јавноста вечерва во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце, и додаде дека ваквите сонзанија многу брзо ќе бидат споделени со јавноста. Мицкоски јавно запраша кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен рекетот ?

-Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски, дека некој го предупредил за случајот „Рекет“ од Владата, тој што го предупредил бил од владата. Ако е тоа така тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски, од владата. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за којшто ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на оние осомничени 4-ца. Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, тоа не важи, вели Мицкоски.