Ние велевме Катица Јанева не чини, Катица Јанева злоупотребува позиција, Катица Јанева е корумпирана, тие велеа таа е нашата црвена линија, за да денеска гледаме како ја пуштаат низ вода. Сите оние коишто денеска му слугуваат на Зоран Заев треба да ја имаат секогаш пред очи сликата на Катица Јанева со ќулавката како ја внесуваат во куќен притвор. Сите така ќе завршат. Сите е подготвен да ги пушти низ вода, само да остане таму каде што денеска се наоѓа, посочи Христијан Мицкоски при денешното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски истакна дека уште во јануари месец тој и ВМРО-ДПМНЕ барале да се формира комисија за да се изврши ревизија за работењето и трошењето на СЈО бидејќи имале сознанија дека има злоупотреба, но тогаш биле обвинувани од СДСМ дека бараат амнестија.

-Ние велевме луѓе во јануари месец има злоупотреби во СЈО дајте да направиме комисија и да го истражиме работењето, а тие велеа, не вие барате амнестија, за да денеска тие се сложат со она што ние го баравме, а тоа е да се направи ревизија, откако видовме какви хонорари летале во СЈО, објасни Мицкоски.