Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на Албанија по повод земјотресот во Драч

Остварив телефонски разговор со Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, во кој изразив најдлабоко сочувство за загубените човечки животи по големиот земјотрес кој го погоди Драч и околината на Албанија.

И во ваквите тешки мигови кај човека го истакнуваат најсветлото, помагањето, солидарноста, хуманоста, затоа во овие моменти е потребна обединетост во една заедничка мисија, помош за семејствата на настраданите и повредените во оваа голема природна катастрофа.

Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите и дека е важно меѓусебното почитување.

За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО ДПМНЕ, но пред се како луѓе.

Уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со албанскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...