Не може да ги купите луѓето со 500 денари плус. Нашиот народ е горделив народ, нашиот народ е умен и искусен народ. Ќе видите што ќе му се случи на Заев на 12 април, каков дебакл ќе доживеат овие политики. Ова не е политика, народот сака стратегија, визија и сигурност, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце.

Мицкоски рече дека е нечесно народот да живее во сиромаштија, додека Заев и тие околу него се возат во Бентли и уживаат во хедонизам.

-Јас сум убеден дека искрен политичар да излезе и да каже луѓе ќе седиме заедно и ќе јадеме леб и сол, но после тоа ќе биде подобро, и ако навистина ве видат дека заедно со нив јадете леб и сол тие ќе го чекаат денот кога ќе биде подобро. Ама не може вие да го терате народот да јаде леб и сол, а вие да се возите во Бентли и да уживате во хедонизам. Не може, тоа е нечесно, посочи Мицкоски.