Јанушев: Што крие власта – „Шверцерите“ го демолирале и стадионот Филип II

Не само МНТ, навивачката група „Шверцери“ го демолирала и градскиот стадион Филип II открива генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во своето интервју за Македонското радио.

-Да националната арена, како што би сакал јас да кажам Филип II барем од неофицијалните информации кои што ги имаме бидејќи се уште никаде не беше објавено, ниту некој го соопшти, ниту некој го демантираше во меѓувреме е дека ноќта петокот спрема саботата во доцните вечерни часови, некаде околу 12 ипол 1 ноќта, група исто така од навивачката група „Шверцери“ упаднала во националната арена и имало демолирање на инвертарот и опремата во националната арена. Меѓутоа никој не се одважи да соопшти. Веројатно е дека се обидуваат да го заташкаат случајот, вели Јанушев

-Доколку сакаме државата да оди напред, треба дефинитивно да заборавиме на двојните аршини врз основа на религија, етничка припадност и слично истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Притоа тој додаде дека законот не познава ниту Македонци, ниту Албанци, Роми, Турци и сите останати кои живеат во Македонија и што побрзо Османи, Груби и сите останати го разберат тоа, толку подобро ќе биде за државата.

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вандализмот и демолирањето на театарот е помалото зло бидејќи се што е расипано може да се поправи, но она што многу повеќе загрижува е говорот на омраза кој може да предизвика меѓуетнички тензии.

-Видете можеби вандализмот, кршењето, уништувањето во македонскиот народен тетар и е такаречено помалото зло, се она што е направено и уништено може да се поправи. Она што влијае во негативна конотација на сите нас, а што некако намерно или ненамерно се обидуваме да го заборавиме и ставиме во втор план е говорот на омраза. Што всушност или може да биде тригер за меѓуетничките тензии. Видовме еден очаен обид по не знам кој пат досега од страна на Заев и целото таководство на таа криминално рекетарска банда околу него заедно со раководството на МНТ како не можат да се договорат кога сакаат да излажат, по кој знае кој пат СДСМ и ДУИ. Тие излегоа со дијаметрално различни изјави во јавноста, вели Јанушев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.