Затуровска до Сугаревски: Имате ли вие еден проект „мејд бај“ СДСМ

Она што кажувавте дека имате биланс во водоводи, канализации, локални патчиња реализацијата е едвај 26 проценти. Ова се ставки од министерството за финансии, не се информации од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ на дебата на телевизија 24 на која учествуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

-Што се однесува до реализација на инфраструктурни проекти еве да ве прашам дали имате ваш изворен проект за пат, мислам почнат од вас или реализиран. Вие цело време гледаме како се китите со туѓи перја, вие упорно ги фалите проектите на ВМРО-ДПМНЕ, како Кичево – Охрид, Миладиновци Штип, рече Затуровска која додаде „ајде кажете имате ли нешто мејд бај СДСМ, нешто направено од СДСМ“.
Според неа Владата на СДСМ не може да направи нешто бидејќи претходно имаше успешна Влада.

-Имајте доблест да кажете нешто што е позитивно. А што правите сега, се изигрувате. Кој ви дал за право да го изигрувате и на така не дадениот легитимитет од граѓаните. Сега истото го правите со Буџетот сакате да ја осигурате победата на изборите следната година, рече Затуровска.

Пратеничката го праша министерот Сугаревски кој како што рече за Кичево-Охрид говорел дека е бандитски, зошто продолжувал пат кој го оквалификувал како бандитски.

-Ако е бандитски како го завршувате. Ако мислите дека е така треба да го прекинете, рече Затуровска која потсети дека постојано се зголемува сумата за изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...