Затуровска: Буџетот за 2020 година е само за поткуп на граѓаните пред избори

Целиот Буџет за 2020 година е во насока да се поткупат граѓаните. Единствено во насока на популизам. Веројатно Владата си ја знае состојбата или што направиле, односно не направиле, рече Лилјана Затуровска пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 24 на која главна тема беше буџетот за следнатата година.

-За ова говорат бројките. Или Од 3,9 милјради евра, замислете 3,5 милјарди се одвојуваат за плати, за пензии, субвенции. Оттука не може да биде она што тие го планираат за следната година е се само не развоен Буџет, тоа е само Буџет за поткуп на гласачко тело, додаде Затуровска.

Таа се осврна и на слабата реалзиација на капиталните инвестиции.

-Во 2018 година реализацијата на капитални инвестиции ви е 12 милјарди од 24 планирани. Сега за 2020 година планирате 23,5 милјарди евра, рече Затуровска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.