Тројката Заев, Филипче, Дончев се синоним за расипништво и криминал во здравството

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Задолжувањата на државата станаа секојдневие, а тројката Заев, Филипче, Дончев се синоним за расипништвото и за криминалот во здравството.

Јавните здравствени институции деновиве се задолжуваат како никогаш до сега на примарно, на секундарно до терциерно ниво.

Сето ова го прават на крај на годината кога треба да се реализирани плановите за јавни набавки. Или можеби не успеале да испланираат добро?

Ова го прават и во период кога според политичкиот договор на 3 јануари Заев си оди од премиерската фотелја, започнува техничката влада, започнува период кога на 12 април треба да има избори.

Оттука министерот за здравство, Венко Филипче треба да  даде одговор.

Дали е запознаен со овие јавни набавки?

Понатаму, зошто сега и што се се набавува, освен нели она што е неопходно за пациентите да добијат соодветна услуга?

Трето, дали ова е само план како парите да завршат во џебови на блиски на СДСМ?

Тенденцијата на задолжувања во јавните здравствени институции е факт. Но, факт е и дека тие не водат кон подобрување на услугите и на условите кои што треба да ги добијат граѓаните во јавниот здравствен сектор.

Во здравствените установи нема столчиња каде да седнат пациентите кои чекаат преглед, нема греење, пациентите носат од дома дури и пижами ако треба да лежат во болница, нема чаршафи на креветите. Со еден збор не добиваат никакви услови.

Очигледно се задолжуваат и парите ги користат за шминка и за глас плус во изборни цели.

Зоран Заев и Венко Филипче освен спорните набавки, почитувани, деновиве на големо се ангажирани и во незаконска трансформација на работниот однос на лица ангажирани во министерство за здравство. ВМРО-ДПМНЕ оттука ги предупредува сите раководители во здравството дека за сите незаконски дејствија кои што ќе се преземат и кои што ќе бидат направени во претстојниот предизборен период одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси.

Сите постапки ќе бидат разгледани и ќе се преземат мерки против сите оние на кои партиските наредби од Заев и Венко Филипче им биле поважни од законите на Република Македонија.

Машинеријата на СДСМ се подготвува за избори и тоа со својата добро позната криминогена пракса. Граѓаните тоа го гледаат и тоа ќе им пресудат  на 12 април 2020 година, на следните избори.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...