Македонија со Заев е во погрешен правец, а најголем доказ за тоа е искрената изјава на Стево Пендаровски

Соопштение до јавноста

Држава во која претседателот отворено кажува дека доколку не е на функцијата претседател би се отселил од државата е во голема стагнација. Македонија со Зоран Заев е во погрешен правец, а најголем доказ за тоа е искрената изјава на Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски е првиот човек на државата и тој како претседател ги има сите информации, политички, правни, економски и безбедносни. Пендаровски знае дека Македонија со Заев на чело не може да се помести од мртва точка.

Криминалот, корупцијата и рекетот се тие кои ги демотивираат  младите и ги тераа да се отселат.

Ниските плати, лошата економска ситуација и непотизмот е главната причина зошто младите бегаат.

Зоран Заев три години не направи ништо да ги задржи младите, а ветуваше дека ќе ги врати иселените.

Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните на криминал, корупција и рекет. Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните за богатење на неговата фамилија и фирмите блиски до фамилијата.

И  Стево Пендаровски знае дека вака веќе не може. За тоа потребни се промени. По 12 април следува обнова на Македонија и нова надеж за младите, со конкретни мерки и конкретни проекти.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...