Изјавата на Стево Пендаровски е потврда за суровата реалност која ја живееме денес

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Пред 4 години овде Зоран Заев и СДСМ како тогашна опозиција оставија стотици чевли, како симбол за иселените млади од државата, ветија дека не само што ќе го запрат иселувањето, туку и дека ќе ги вратат иселените. Веќе 3 години Заев е премиер и не само што не ги врати иселените млади, туку и претседателот на државата јавно говори дека доколку не би бил претседател и тој би се отселил од Република Македонија.

Изјавата на Стево Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес. Никој, ниту функционерите предложени од СДСМ не сакаат да живеат во држава на која тој и е премиер.

3 години откако Заев е на власт, младите се повеќе бегаат, а бегаат заради криминалот, корупцијата и рекетот, бидејќи во Македонија под Заев функционираат криминалците  кои во Луј Витон ташни носат милиони, пари кои не знаеме каде завршиле и дали и Заев лично не е крајната дестинација на милионите од најголемата рекетарска афера до сега.

Младите бегаат затоа што наместо деца кои едвај врзуваат крај со крај, а имаат висок просек, стипендии за студирање во странство добива ќерката на Никола Димитров.

Младите бегаат затоа што отвораат фирми, се борат на пазарот и едвај собираат за плати, додека луѓе блиски на власта со фирми отворени непосредно пред да биде распишан некој јавен оглас, добиваат милионски тендери и преку ноќ стануваат милионери.

Младите бегаат затоа што нема правда. Нема функционален систем. Нема надеж.

По 12 април ќе почнеме со обнова на Македонија. Македонија ќе биде земја каде младите ќе сакаат да остануваат.

Господине Пендаровски не се, додека ви помине мандатот како претседател, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе биде на власт 3 години и ќе се чувствуваат придобивките од обновата, и нема да мора да си заминете од државата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...