Мисајловски: Македонија и овој честит и достоинствен народ заслужува обнова

Интегрален текст од изјава за медиуми на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска тука сме општина Јегуновце да разговараме со граѓаните, да видиме што имаат да ни кажат, продолжуваме со нашиот караван „Обнова на Македонија“ , разговараме на сите актуелни теми и добро е да се слушнат граѓаните и во што помасовен број да не искритикуваат, но и да ни дадат идеи како да продолжиме понатаму.

Добро е што голем број на граѓани доаѓаат и кажуваат што да предложиме во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ,која треба да биде една од најдобрите програми и да допре до сите граѓани, затоа сме внимателни овој период да бидеме со народот. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот, но овој пат за кратко време ни доаѓа техничка влада, ни доаѓаат многу предизвици и затоа целото раководстсво на ВМРО-ДПМНЕ е на терен,  заедно со многуте граѓани ја исцртуваме програмата.

Затоа и додека сме во техничката влада, но и потоа ќе покажеме во изборната кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ги има најдобрите кадри, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ  е спремна за избори да ја води Република Македонија во новата влада.

Ние сме амбициозни луѓе и сакаме амбициозни проекти, затоа насекаде во Република Македонија се случува оваа „Обнова на Македонија“. Им благодариме на сите граѓани коишто излегуваат, коишто ни даваат поддршка, а од друга страна ни даваат позитивна енергија за да продолжиме.

Сведоци сме на многу погрешни политики коишто ги води оваа власт, сведоци сме на една изјава вчера што ја спомна првиот човек којшто треба да води Република Македонија, господинот Стево Пендаровски. Наместо позитивна енергија да шири како Врховен командант, како човек што треба да обединува, ние слушаме дека сака да си замине што побрзо. Епа да си заминете, ние ви велиме да си заминете сите, и затоа ќе работиме за што побрзо на 12-ти април следната година да ве испратиме во пензија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...