Арсовски: Јанева да ги врати парите кои што и ги дала владата на СДСМ и Зоран Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев го руинираше правниот систем и на секој можен начин преку уцени, закани и поткупувања вршат влијание врз правосудниот систем.

Зоран Заев класично си ја поткупувал Катица Јанева. Јавноста е сведок дека Зоран Заев преку Владата на лична сметка на Катица Јанева префрлале пари во висина и до 600 евра и тоа последната исплата била на само 10 дена пред апсењето на Катица Јанева во сред екот на најголемиот случај во историјата на Република Македонија за рекетирање во случајот Рекет.

Замислете Катица Јанева примила пари на лична сметка од Владата на СДСМ и тоа по основ за учество во Советот за реформи и тоа не било единстена исплата. Имало исплати и неколку години претходно.

Ако се земе во предвид дека веќе ја имаше депонирано својата оставка Катица Јанева од СЈО во тој период, која е причината за исплатата на овие средства на личната сметка на Катица Јанева од страна на владата каде што премиер е Заев во сред случајот РЕКЕТ?

Да потсетиме дека Катица Јанева по разни основи од СЈО за 4 години има заработено и инкасирано замислете, потенцирам над 340.000 евра. Другите обвинители во СЈО имаат инкасирано помеѓу 270.000 и 290.000 евра за 4 години. Неколку милиони евра пари на граѓаните се имаат слеано во џебовите на овие јавни обвинители кои што беа избрани да носат правда, а не да рекетираат.

Основите биле плата над просекот на обвинителската плата, приход по основ на доверливост, приход по основ на плаќање кирија конкретно кај Катица Јанева, каде што самата таа имала ексклузивно право да  си ги одредува висината на своите приходи во СЈО.

Небулозата оди дотаму да ја пуштат од притвор со образложение дека е невработена и нема примања, а гледаме дека примала пари од Заев од Владата на само 10 дена пред апсењето.

Ова е срам за правосудниот систем и ова е класичен поткуп од страна на Владата каде што Катица Јанева на лична сметка прима пари од Зоран Заев, настрана од примањата во СЈО.

Бараме овие пари Катица Јанева да ги врати на граѓаните назад. Ова е класичен поткуп кој што го правел Зоран Заев кон Катица Јанева.

Одговорност за сето ова мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април кога ќе следи Обнова на Македонија и исправање на сите грешки од изминатите години кои ги направи оваа Влада на СДСМ и Заев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.