Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно формирање на Анкетна комисија која ќе го претресе работењето на СЈО кое расипнички потроши десетина милиони евра

Соопштение до јавноста

Деновиве излезе на виделина, причината зошто СДСМ одбива да се формира Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија која ќе има за цел да го испита работењето на СЈО и Катица Јанева односно македонските граѓани да дознаат како и за кои потреби се трошени нивните пари од страна на оваа институција .

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по избивањето на аферата “Рекет” во која е осомничена Катица Јанева бара побара да се претресе работата на оваа институција додека од парламентарното мнозинство единствено што слушаме се некакви нејасни и небулозни објаснувања кои што служат за да се оневозможи формирање на ваква комисија.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено предлог за основање на Анкетна комисија но истата сеуште не се става на дневен ред со што се блокира нејзиното создавање.

Анкетната комисија што ја бара Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да даде институционален одговор на тоа колкава штета е направена на буџетот, кој се имал незаконски приходи, но и нешто што до сега не е доволно јасно, а тоа е колкави пари се одлевани за незаконски вештачења кои после биле и уште се користени во судски постапки. Исто така комисијата треба да го расфетли и непотизмот кој што владеел во СЈО и начинот на кој што се вработувале луѓе со институцијата.

Оваа Анкетна комисија ќе треба  да ги обелодени и политичарите кои што давале заштите на ваквото работење на Катица Јанева и останатите обвинители и дозволувале делење на вакви големи суми на пари да се делат се со цел да се врши рекет и уцена на фирми, бизнисмени и политичари за потребите на Владата на СДСМ.

СЈО за периодот од кога постои до денес ги чини граѓаните десетина милиони евра. Деновиве, во јавноста можат да се видат податоци за тоа колку дополнителни надоместоци, надвор од плата, зел секој од јавните обвинители во рамки на СЈО.

За потсетување, Катица Јанева и некои од обвинителите земале дополнителни месечни бонуси во износ на годишна плата. Овие бонуси обвинителите си ги делеле за доверливост за тоа што ги преслушувале бомбите.

Исто така можевме да видиме и дека од Владата предводена од Зоран Заев додека траела предистражната постапка за случајот „Рекет“ и биле префрлени 36.000 денари на сметката на Катица Јанева но сеуште не се знае по кој основ.

Со оглед дека со материјали од нелегално прислушуваните разговори се рекетирале бизнисмени јасно е дека овие пари биле испумпувани со цел луксузирање на обвинителитеи на Катица Јанева.

СЈО ќе биде запаметено како институција која служи на СДСМ за уцена на политичари и рекетирање на бизнисмени.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара итно формирање на Анкетна комисија која ќе го претресе работењето на институцијата која расипнички потроши десетина милиони евра. Јавноста мора да дознае како, за што и на кој начин Катица Јанева ги трошеше државните пари изминатите години.

 

 

Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.