Николоски: ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ ќе работи за силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ  втор ден е на Конгресот на христијанско-демократската унија тука во Лајпциг, имаме интензивни средби со нашите пријатели од ЦДУ, владеачката партија во  Германија којашто 15 години успешно ја води Германија.

Разговараме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, разговараме за промените коишто треба да се случат во Македонија, разговараме за сите штетни политики коишто ги направи владата на Заев, ги информираме за криминалот и корупцијата на Заев, за обидот да шират лажни вести и паниката којашто ги снајде. Ги информираме за подготовката за предвремените парламентарни избори коишто треба да се случат на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ очекува да понесе убедлива победа, после којашто новата влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ЦДУ и со Германија, ќе се обиде да привлече што поголем број германски инвеститори, да дојдат и да инвестираат во Македонија.  Основно за Македонија се нови работни места, а за оние коишто работат повисоки плати. Втората цел е воспоставување на силен систем на владеење на правото и борба со корупцијата, тука исто така ќе ги користиме искуствата на ЦДУ, значи силна економија, нови работни места, повисоки плати и борба со корупцијата, тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ.

Можам да кажам дека сум задоволен што во овие два дена тука во Лајпциг, како и претходно во Загреб, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има силна меѓународна поддршка, тоа не може да го помати никаква прес конференција на СДСМ или лажни вести, или лагите на Заев и неговите компањони. Сите во Македонија знаат дека Заев е виновен за пропаста на Македонија, сите во Македонија знаат дека Заев Македонија ја води назад, како што исто така знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен тим, тим на стручњаци, на експерти, на докажани луѓе од партијата и на нови лица коишто доаѓаат, коишто ќе ја изведат Македонија на прав пат, економски силна и стабилна, и Македонија во којашто ќе владее правната држава.

Продолжуваме денеска со средбите тука да ја продлабочиме соработката помеѓу Македонија и Германија , помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....