Нелоски: На 12 април граѓаните јасно ќе му порачаат едно големо НЕ на Заев и хунтата на власт

Интегрален текст од изјава за медиуми на Владимир Нелоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Поминаа веќе три години веќе две години откако како дојде животот тука во Неготино.  Кога влегов во Неготино се чувствував како во 2017-та година, ништо се нема променето, освен што граѓаните се се повеќе разочарани, и уште се на мисла дали да останат во Неготино, или да си ја бараат среќата некаде на некое друго место.  Сакам да им порачам на сите тие граѓани, и на вас,  да не се откажувате, во Неготино имало достоинствен живот и повторно ќе има достоинствен живот. Тоа ќе се случи по 12-ти април, Неготино заедно со Кавадарци и Тиквешијата ќе бидат столбот на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 4-тата изборна единица во тоа сум сигурен.

Ветија дека ќе изградат студентски дом во Скопје, каде што ќе можат студентите од Неготино достојно да студираат, ветија дека ќе го подобрат животот, дека чесниот земјоделец ќе живее поубаво. Сега да ве прашам дали живеат земјоделците поубаво после три години од владеењето на Зоран Заев ? Не! Одговорот е едноставен, не живеат бидејќи им беше ветувано се и сешто, само за да се дограбат до тие кожни фотељи. Токму затоа се овие денови, да ги запишете вашите идеи, вашите проблеми , за да се направи програма којашто ќе биде реална и којашто ќе го подобри животот.

Сакам една јасна порака да упатам до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и до сите граѓани, коишто оваа хунта на власт се обидува да им се закани и на било кој начин да ги исплаши, да се борат за своите права и на 12-ти април да го кажат големото „Не“  за Зоран Заев.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...