Мицкоски на средби со раководните луѓе на ЦДУ и автомобилските германски гиганти, конекции за соработка и лобирање за Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска ја предводам делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која што e во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската Демократска Унија (ЦДУ). После исклучително успешниот Конгрес на Европската народна партија во Загреб, каде што ги реафирмиравме нашите ставови за апсолутна и целосна поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија и каде што добивме исклучително голема поддршка од страна на нашите сестрински партии за време на конгресот но истовремено и на самитот кој што се одржа на маргините на конгресот на Европската Народна Партија.

Продолжуваме во Лајпциг, ќе оствариме голем број средби со пратеници во германскиот Бундестаг, веќе имав неколку такви утринава со господинот Бајер, со поранешниот европратеник Дорис Пак. Разговаравме за актуелната политичка економска состојба во Македонија, го пренесов впечатокот и анализата која што практично ВМРО-ДПМНЕ ја има.

Истовремено сакам да порачам дека во полн израз доаѓа завидлизмот на Заев. Откако виде дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб. Поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии. Ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија.

Во обид да ги скријат катастрофалните скандали каде што кумашинот на Зоран Заев практично брутално го нападна коалициониот партнер ДУИ, скандалозното ослободување на притвореничката Катица Јанева, скапо  платената пи-ар машинерија на СДСМ буквално од контекст се обиде да ја изврти вистината и да ги манипулира македонските граѓани.

Но како што во минатото сме кажале, вистината порано или подоцна излегува на виделина. ВМРО-ДПМНЕ победува на следните предвремени парламентарни избори, а Зоран Заев и останатата врхушка на СДСМ исплашена, во паника во страв е свесна за поразот, но истовремено е свесна и за одговорноста на погрешните политики коишто речиси три години ги води во Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...