Мицкоски на состанок од германски автомоблиски гиганти: Да спречиме одлив на мозоци и да зајакнеме економската соработка

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата.

На тие состаноци, наша цел е како опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски.

После 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.

На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...