Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувoнемите лица

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и СДСМ не покажаа грижа за глувонемите лица. Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувите.

Додатокот за  глувонеми лица, воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ не беше зголемен, а толкувачите на знаковиот јазик исто така често се оставаат без примања.Игнорантниот однос на оваа власт кон глувонемите  ги револтира и маргинализира.

Водени од начелото на еднаквост гарантирано и со Уставот на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа барањата на глувонемите и во програмата за предвремените парламентарни работи ќе предвиди, а по избори новата влада ќе реализира:

-Покачување на додатокот за глувонеми лица од 4000 на 6000 денари, односно негово покачување за 50%.

-Измени во Законот за знаковен јазик со кои ќе се префрлат сите толкувачи под Министерството за правда, воведување на сервисни центри кои ќе им обезбедат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, организирање на редовни обуки за изуување на знаковен јазик, како што е предвидено заради остручување на доволен број на толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат глувите лица, предвидување на буџет за ангажирање на толкувачи во судовите, обвинителствата и МВР.

Глувонемите заслужуваат третман кој нема да дозволи да се чувствуваат маргинализирани. ВМРО-ДПМНЕ во идната програма ќе има мерки и проекти за сите категории граѓани. По 12 април следува обнова.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...