Мицкоски ги урна лажните вести на владата: Гоце Делчев и јазикот се Македонски

Одговор на новинарско прашање на Христијан Мицкоски – Претседател  на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

 Одговор:Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување  помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме  да работиме.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...