Јанушев:Рашкоски бара извинување, зошто така мисли дека ќе е помалку виновен во врска со постапката за SAR & HEMS (хеликоптерите)

Вчера добив (внимавајте) не едно, четири барања за извинување и јавно повлекување на изјави во врска со постапката за SAR & HEMS (хеликоптерите) од страна на генералниот секретар на владата – Драги Рашковски!

Рашковски бара извинување затоа што смета дека сум изнел навреди и клевети кон неговата личност и сум го понижил и повредил неговите чест и углед, а преку него и на неговото семејство!!!

Рашкоски сака извинување, зошто така мисли дека ќе е помалку виновен, мисли дека ако она нивно труло судство ме осуди ќе даде одговор на дилемите и прашањата за скандалот кој го прави. Сака јавно извинување зошто мисли дека тоа е инструментот да ме заплаши, да ми се закани, обесхрабри, но ќе ви кажам го погрешивте човекот на кого се заканувате.

Еве, вака јавно да го известам Рашковски дека ниту планирам да му се извинам, уште помалку да ги повлечам изјавите. Со вистината не правам компромис, и за нејзе ќе се борам до крајот. И едно извини вам не ви ја прави помалку незаконска зделката.

Дотолку повеќе, јавно ќе го повикам Рашковски да се извини на целата Македонска јавност, на сите граѓани на Република Македонија затоа што е неспособен и несоодветен да ја извршува функцијата на која е поставен од водачот на криминално-рекетарската банда – Заев, да се извини за навредите кон интелегенцијата и потценувањето кон граѓаните, па Рашковски, дали ќе излезете, дали ќe соберете храброст да го направите тоа?

Уцени, закани, притисоци – не поминува!!

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...