Стоилковски: Нема власт предводена од СДСМ, а да не ги скрати пензиите

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Нема власт предводена од СДСМ, а да не ги скрати пензиите.

Уште кога беше најавен и воведен новиот начин за пресметка на пензиите, укажавме дека тоа ќе биде сериозен удар врз достоинството на пензионерите. Односно, ги турка во сиромаштија. И секако сега предизборно, власта, Зоран Заев, во улога на трговец зборува за повисоки пензии, а всушност скратил половина од парите кои им следеа на пензионерите.

Пензиите не само што не растат, туку и се на ниво само за задоволување на најосновните потреби. Во играта со парите на Заев, наместо пензионерите да земат 1100 денари во просек повисоки пензии, тој сега им нуди 700. А ако тие 400 денари се помножат со бројката од 300.000 пензионери, се добива колку всушност Заев им одзема на пензионерите, односно 120 милиони денари или над 2 милиони евра месечно. Тоа се 24 милиони евра годишно. Толку Зоран Заев И Мила Царовска им земаат на пензионерите.

Реагиравме и укажувавме дека не треба да се менува системот за пресметка на растот на пензиите, дека тој мора да биде и врз покачените трошоци за живот, но и врз растот на просечната плата.  Реалното кратење на пензиите кое го чувствуваат и пензионерите на кои секој денар им е драгоцен, се докажува со Анализата за растот на пензиите во периодот од 2010-тата до 2017-тата, раст со методологија пред да биде сменета, и периодот 2017-тата до 2019-тата, односно со сменетата методологија.

Во периодот кога пензиите се пресметуваа и според растот на платите и според растот на трошоците за живот, пензиите пораснале за 35%, односно од 10.273 денари достигна до 13.879 денари. Односно месечен раст од 0,4% месечно.

Во периодот кога СДСМ, Царовска и Заев ја сменија методологијата, растот на пензиите од овие 13.879 денари достигнува до 14.572 денари, за нецели 5%. Односно раст од 0,18% месечно.  Значи наместо 0,4% има раст од 0,18% месечно! Значи, Заев и Царовска на пензионерите им скратија половина од растот на пензиите, односно повеќе од 2,2% месечно.  Врз ова, дополнително беше укинат и растот од 5% годишно што беше случај во 2014,  а следеа 2015 и 2016 година, а СДСМ во 2017 година го укина.

Почитувани,

Пензионерите знаат дека се жртва на неуспехот и измамите од Зоран Заев. Пензионерите не веруваат во ниските страсти и измамите со кои Зоран Заев го крати она што им припаѓа на пензионерите, а потоа ги лаже дека пензиите им растат. Зоран Заев е во паника, знае дека ќе ги изгуби изборите. Неговиот обид во пресрет на избори за манипулација нема да му помине кај пензионерите.

Доаѓа ново време, доаѓа период на промени и обнова. Доаѓа бовата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе го почитува зголемувањето на пензиите кое треба да го следи покачувањето на трошоците за живот, просечната плата и куповната моќ на општеството односно пресметка на пензиите онака како што беше во периодот до 2017-тата година.

Пензионерите заслужуваат чесен и искрен пристап, за мирен и достоинствен живот, кон достоинствена и чесна обнова на Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...