СДСМ веќе неколку месеци ја кочи работата на Комисијата за култура овде во Собранието на Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми – Магдалена Манаскова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ  

Почитувани,

СДСМ уште еднаш на дело ја покажува својата лицемерност и неодговорност.

Јавноста има право да ја дознае вистината. СДСМ веќе неколку месеци ја кочи работата на Комисијата за култура овде во Собранието на Република Македонија.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, би сакале да ја информираме јавноста дека неофицијално започнаа активностите поврзани со носењето на Годишната Програма за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности.

Во оваа прилика би сакала да истакнам дека Собранието не усвои ваква Програма за 2019 година, согласно член 5 од Одлуката за носење на ваква програма.

Имено, на 24-ти јануари 2019 година, беше закажана седница на Комисијата за култура и Програмата беше доставена до пратениците, но истата беше прекината и никогаш не продолжи.

Зошто и од кои причини, чекаме одговор да даде Претседателката на Комијата за култура. Токму поради неодржувањето на Комисијата и недонесувањето на Годишната Програма, за жал, минатата година не се одбележаа значајни јубилеи, како на пример:

  • 1150 години од упокојувањето на Св. Кирил;
  • 200 години од раѓањето на Дичо Зограф;
  • 110 години од раѓањето на Круме Ќепески;
  • 150 години од раѓањето на Салих Асим;
  • 100 години од раѓањето на академик Димитар Митрев;
  • 110 години од раѓањето на Тодор Скаловски;
  • 100 години од раѓањето на Владо Малески и Раде Јовчевски Корчагин;
  • 100 години од смртта на Јашар Бег Шкупи;
  • 100 години од раѓањето на Аврам Садикарио;
  • како и 70-годишнините од основањето на значајни институции во Репулика Македонија како што се УКИМ, ТАНЕЦ, Турскиот театар и уште многу други.

Оттука, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради ваквото неодговорно и несериозно работење на Комисијата за култура, не сака да биде соучесник во целиот овој процес и нема да учествува во работата на работната група, а својот став ќе го искаже на седницата на Комисијата, доколку некогаш таа се закаже и се одржи.

Во оваа прилика, исто така сакаме да ја информираме јавноста и за уште едно блокирање на работата на Собранието од страна на ова владеачко мнозинство.

Имено, откако најпрво оставивме доволно простор и време, сега како Пратеничка група мораме да ја информираме јавноста и да реагираме до Претседателката на Комисијата за култура и до г-динот Талат Џафери за крајно неодговорното однесување поврзано со непродолжувањето на надзорната расправа, организирана на наше барање, а која се однесуваше на културните политики и начинот на донесување на Годишната Програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.

И покрај нашите заложби за одржување на уште едно продолжение на оваа надзорна расправа, како би се сослушале и сведоците кои се директни корисници на средствата од Годишната Програма, но и како би можеле да донесеме соодветни заклучоци за оваа проблематика, сепак продолжение на оваа надзорна расправа не беше закажано.

За жал, најверојатно партиските наредби во врска со оваа надзорна расправа биле поприоритетни и посилни отколку нејзиното продолжување и овозможување на поширока дебата на оваа тема во Собранието и носење на уште една Програма на идентичен начи.

Очигледно е дека СДСМ и владеачкото мнозинство бегаат од дебати и се плашат од судот на јавноста.

Нашата цел како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ е искрена. Нашата идеја беше да се констатира потреба од измена на моделот на финансирање, да постои транспарентна постапка за избор на членови на стручните комисии и други препораки, се со цел за да се избегне и надмине вакво скандалозно и проблематично носење на две последователни Програми од страна на СДСМ. Но и овој процес е блокиран и закочен и пратениците кои поставуваа прашања на надзорната расправа, сеуште ги немаат добиено писмените одговори од повиканите сведоци.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста за уште еден случај на девалвирање на институцијата Собрание на Република Македонија. Воедно, иако упативме официјално барање, Комисијата за култура од нејасни и неразбиливи причини, сеуште одбива и не закажува седница на која ќе се разгледува состојбата со статусот на Охрид во УНЕСКО, што впрочем е и еден од усвоените заклучоци на Комисијата, на секои 3 месеци да се одржува ваква седница.

Затоа, уште еднаш јавно ја повикуваме Претседателката на Комисијата за култура да ги закаже овие седници, затоа што барем во областа на културните политики треба и мора да делуваме заеднички и да се издигнеме над личните и партиските интереси.

Во спротивно, доколку не го направи тоа, на тој начин ќе покаже и докаже дека за СДСМ, за ова владеачко мнозинство, не се важни ниту граѓаните, ниту дебатите во Собранието, ниту пак националните интереси од областа на културата, туку важни се само нивните теснопартиски интереси и калкулации.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....