Откако СДСМ е на власт јавниот долг изнесува 5.4 милијарди евра, задолжувањето пред избори индицира на изборна корупција

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и Нина Ангеловска ја задолжуваат државата без основ. Вчера наместо првично предвидените 67 милиони евра, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра или 15 милиони повеќе.

На што и како ќе се трошат тие дополнителни 15 милиони евра е нејасно, исто како што е нејасно каде завршуваат и другите пари од задолжувањето. Иако нивото на јавниот долг секојдневно се зголемува, државата нема мрднато од мртва точка. Нема инвестиции, нема проекти.

Рапидното задолжување пред избори индицира само на изборна корупција која што власта веќе ја прави.

Милионите кои сега ги земаат ќе треба да ги платат граѓаните по 5,10 или 20 години, а со нив не се прават работи кои имаат додадена вредност  за државата, напротив се трошат бесцелно.

Откако  СДСМ е на власт јавниот долг изнесува 5.4 милијарди евра. Ова е спротивно на сите ветувања кои ги даваа дека нивото на јавен долг ќе го намалат. Јавниот долг не се намалува, туку се зголемува.

Расипничкото трошење на парите на граѓаните море да запре.  По 12 април ќе следи детална ревизија на сите позајмени и потрошени пари. Никој не смее да си игра со парите на граѓаните.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...