Димовски: Резултатот на доаѓањето на СДСМ на власт за автопатот Кичево – Охрид e нереализација на проектот и земање на нови двеста милиони евра

На денешната собраниска седница се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој што посочи дека резултат реализација на патот Кичево –Охрид е нула, проектот е нереализиран, а власта ја задолжи државата за нови 200 милиони евра.

Сакам на почетокот да изразам една јасна констатација , доаѓањето на СДСМ на власт во Република Македонија во поглед на реализација на проект значи нереализација на проектот, неизграден пат, стопирани три години сите активности на патот околу Кичево и двесте милиони евра плус. Тоа е трошок на државата односно за граѓаните, потенцира Димовски.

Димовски додаде дека сега земаме кредит, но истиот ќе го плаќаме со данок. Резултатот на доаѓањето на СДСМ на власт за автопатот Кичево – Охрид e нереализација на проектот и земање на нови двесте милиони евра.

Она што е битно да го знаат граѓаните дека од доаѓањето на СДСМ на власт долгот на Република Македонија е зголемен за 700 милиони евра досега. Ова се нови 180 милиони долари, дополнително во последните 15 дена државата на домашен пазар се има задолжено за уште 103 милиони евра. Значи ова лудило на задолжување, на поскапување на цената на проектите неколкукратно, ова лудило на расфрлање со пари скапо и тешко ќе ја чини Република Македонија. Зошто? Заради тоа што не се базира на стабилни проценки, не се базира на стабилен раст на индустријата, не се базира на раст на вработеноста во индустријата, не се базира на зголемување на профит и добивка на компаниите туку се базира на две работи. Првата работа е желбата на СДСМ да ги корумпира и потцени граѓаните колку што може повеќе. Другата работа е да се краде колку што може повеќе, истакна Димовски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.