Да ве прашам дали вие министре знаете колкава е материјалната штета од ненавременето санирање на свлечиштата, одроните и оставање на објектите во тек на градба? Второ, дали знаете колку жртви, колку повредени и колкава е материјалната штета од случените околу 90 потешки сообраќајки случени на овој пат или точно да ви кажам 87 сообраќајки на патот Кичево Охрид за кои причина е немањето на светлосна вертикална и хоризонтална сигнализација на патот како и ненавременото санирање на премините од едната на другата страна на патот, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, на денешната собраниска седница.

Деспотовски посочи дека тој уште на почетокот дал поддршка за анексот на договорот за обезбедување на средства за продолжување на автопатот Кичево-Охрид, нагласувајќи дека обврска на владата на СДСМ а и на Сугаревски како министер е да продолжи со реализација на мерките и проектите се со цел добро за граѓаните.

Според него владата на СДСМ изгубила три години за овој автопат, а на сметка на соспствената неспособност за завршување на автопатот ги навредиле и професорите од Градежниот факултет како и надзорот на автопатот, укажувајќи дека Сугаревски не може да биде постручен од нив.

Што се направи? Сега е многу лоша ситуацијата и можеби и поскапо ќе биде и се ќе биде полош, а изгубивме три години а може ќе изгубиме и уште три со оваа динамика со која вие настапувате. Исто така ги навредивте деканот и професорите од градежниот факултет бидејќи тие го изработуваа проектот, ги навредивте и надзорите на проектот. Не можете вие да бидете постручни од нив, вели тој.

Депспотовски потенцираше дека кинезите изградиле 880 километри автопат само за три месеци, додека владата на СДСМ не може да направи 2 километра преасвалтирање на некоја делница

Кога кинезите направиле 880 километри автопат за три месеци, овде 2 километри преасвалтирање на делница не можат да се направат, смета Деспотовски.