Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“

Соопштение до јавноста во врска со одлуката на Апелациониот суд за куќниот притвор на Катица Јанева

Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа.

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна.

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“.

Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба.

Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони.

Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев.

Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...