Мицкоски: СДСМ во јавноста кажуваат дека се за промена на изборниот модел, а во суштина не сакаат тоа се случи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сонце„ на прашањето поврзано дали во ВМРО-ДПМНЕ веќе се знаат имињата на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот се занимава со процесите , а не се занимава со имињата.

-Ги дефинираме профилите на луѓе кои ќе бидат дел од пратеничките листи, кои што ќе бидат носители на тие листи и така натаму. Генерално сме фокусирани на тој процес, не на персоналните кадри коишто ќе бидат таму. Втората половина на декември месец јавноста ќе ги дознае имињата коишто ќе бидат кандидирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ за иден технички министер во министерството за внатрешни работи, во труд и социјална политика, замениците во земјоделие, во информатичко општество и администрација и во финансии, истакна Мицкоски во своето интервју.

Во своето интервју тој зборуваше и изборниот модел при што го рече следното:

-Власта предводена од СДСМ во јавноста кажуваат дека се за промена на изборниот модел, а во суштина не сакаат тоа се случи. Кога ќе ги прашате зошто едно зборите во јавноста, а едно на состаноците велат дека тоа го ветиле во програмата и мора да го кажуваат. Јасно им е дека тоа не е вистинската методологија врз основа на која ќе се зголеми демократијата.

Мицкоски во врска со прашањето за промена на изборниот модел потсети на негово интервју каде преку бројки и параметри практично докажува дека со промената на изборниот модел не значи дека ќе има поголем број на политички партии во парламентот.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...