Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господнине Мицкоски како го коментирате предлагањето на Министерството за правда за ветинг во правосудството и дали  мислите дека државата има капацитет за тоа и второ прашање според нашите информации владата планира нов акт за систематизација на Министерството за внатрешни работи , зошто ова се случува сега пред формирање на техничка влада и дали имате некоја информација за тоа ?

Одговор: Во однос на првото прашање јас нема реторички да го третирам зборот ветинг затоа што ми делува симпатично туку ќе навлезам во суштината на зборот ветинг. Искуството вели дека тие кои што го примениле овој процес на ветинг, еве конкретно во случајот ако го земеме искуството од нашиот Западен сосед дека не поминале успешно. И врз основа на онаа информација која што јас ја имам и навигација која што доаѓа од страна на високи претставници на Европската Унија не се баш среќни со процесот на ветинг во Албанија и дури го препорачуваа во минатото на состаноците со мене, да тој процес на ветинг воопшто и не го применуваме ние овдека во Македонија. Затоа и вчера бев изненаден од изјавата на претставникот на меѓународната заедница кој што беше овдека и кој што го поддржа. Суштината е како да обезбедиме независно судство и независно обвинителство. Вие не можете да обезбедите независно судство ако премиерот се дрзнува да интервенира кај коалициониот партнер кој што патем речено ја повтори изјавата да ургира кај определени судии или обвинители не е важно тоа, за определени пресуди или определени кадровски одлуки. Ветингот тоа не може да го спречи, туку треба вие како голем политичар, како висок политичар во државата да сте свесни дека таков начин на однесување не е примерен и не треба да се случува. Второ, Вие не можете очекувате независно судство или независно обвинителство ако го гледате адвокатот на премиерот како му дава насоки на државниот јавен обвинител. Или пак премиерот го води телот за реформи во судството. Или пак премиер е човек кој што цела држава го гледаше како бара мито и како уценува. Вие не можете да очекувате од такви личности независност во судството или независност во обвинителството. Ако реторичко го анализираме зборот ветинг и ни делува симпатично, тогаш во ред да го употребуваме, но ние треба да обезбедиме структурни реформи кои што ќе донесат навистина реформирано судство и реформирано обвинителство. Но тоа треба да го направиме најпрвин ние како политичари, да се оградиме од било какви влијанија кои што потенцијално во иднина ќе ги направиме. Да понудиме методологија, а потоа да понудиме спреги и кочници кои што ќе вршат мониторинг на работењето на судиите и обвинителите. Тука голема работа и помош треба да очекуваме од невладиниот сектор кој што континуирано ќе ја мониторира работата на обвинителите и судиите. Гледате што ни се случи со толку збореното, толку уважуваното тело наречено СЈО, видовте како неславно заврши, вплеткано во измами, уцени, криминал итн. Ние е потребно како политичари да покажеме дека навистина имаме волја и желба да се натпреваруваме со политики, а не кој има поголемо влијание кај кој судија или кај кој обвинител. Ако на некој му е интересен и симпатичен зборот ветинг, тогаш нека си го користат и нека си го применуваат. Ние ќе понудиме методологија  која што ќе обезбеди вистинска реформа, која ќе обезбеди независно судство, независно обвинителство, но истовремено и мониторинг врз истото. Поврзано со вашето второ прашање. Доколку Зоран Заев, Оливер Спасовски, СДСМ знаат дека воделе чесна, честита политика, биле искрени со граѓаните тогаш немаат потреба од вакви гимнастики во министерството за внатрешни работи. Да го опструираат работењето на техничкиот министер кој што ќе го предложи опозицијата, нема од што да се плашат, ќе завршат изборите бидејќи работеле чесно, честито тогаш претпоставувам ќе очекуваат да им подадеме рака да им ја честитаме победата итн. Но реалноста е сосема спротивна, уплашени се. Јас го гледам тоа во нивните очи. Ја гледам паниката која што кај нив владее. Па пуштаат разноразни совети на амбасадори, па пуштаат разноразни претседатели на стопански комори да бараат одложување на избори итн. Се со цел да биде продолжена политичката кариера на Зоран Заев. Затоа што знае дека следи одговорност после поразот на 12-ти април 2020-тата година следи одговорност. Е токму од тие причини се овие гимнастики кои што таму се случуваат за да може да се опструира работењето на идниот технички министер кој што ќе го предложи опозицијата. Но и покрај тоа сите овие полувистини и шпекулации кои што денеска во јавноста се присутни јас верувам во огромна победа на опозицијата, верувам во мудроста на граѓаните и верувам во изборот, а тоа е обновата на Македонија.

Прашање: Имам три прашања:  Како ја објаснувате дупката од 400 илјади евра во вашата партиска сметка за која што ве обвини СДСМ?

Како го објаснувате обидот на четирите уставни суди да ги спасат од затвор поранешните министри од вашата партија, по иницијатива во Уставниот суд која денеска по втор пат се обидуваат да ја протнат?

Сакам да ве прашам вас лично како Христијан Мицкоски, претендирате да бидете премиер, кога Заев требаше да биде премиер зад себе го имаше менаџирањето 10 години со Струмица и го промени Бранко во СДСМ, вие бевте личен избор на Груевски, во вашето CV пишува дека сте биле шеф на Кадровска комисија на ВМРО, а знаеме со какви раскошни кадри ВМРО, пола се во судови, пола се надвор од државата, сте биле шеф на изборни штабови, знаеме како победуваше ВМРО-ДПМНЕ  на какви избори, сте биле шеф на ЕЛЕМ, знаеме во каква ситуација го оставивте. Во ваше време имавте една многу интересна идеја парк во Аеродром за 15 милиони евра за фазани и мајмуни, тоа го покажува односот кон народните пари, и исто така ја има онаа фотка како влегувате на 27-ми април во собрание, со што вие покажувате дека немате респект за Уставот, за демократијата, за поредокот бидејќи 27-ми април беше одбивање на власта мирно да си замине од власт?

Одговор: Благодарам на прашањето и Ви благодарам на оваа кратка политичка анализа, ми значи различното мислење, но   за  жал е невистинито, но ќе дојде како тема на мојот одговор во третото ваше прашање. Имено, во моментот во ВМРО-ДПМНЕ имаме ревизија, ние континуирано имаме ревизија што официјална, што неофицијална, дали преку институциите коишто ги злоупотребува Зоран Заев или пак на ваков начин како што имаме официјално. Јас ја охрабрувам Ревизијата, што побрзо да заврши со ревизијата и на изборната сметка, но истовремено и на партиската редовна сметка, и доколку има било какви пречекорувања, незаконитости итн. подготвени сме да сносиме одговорност. Но, доколку се случи истото со оној монтиран случај поврзан со имотот којшто го имам стекнато пред  да влезам во високата политика пред да падне, како што падна на Антикорупциска комисија, барем е доблесно од сценаристите авторите и сите оние новинари како вас што констатираат, барем да се извинат, ако ништо друго. Затоа ја охрабрувам Ревизијата којашто денеска и деновиве коишто следат е во ВМРО-ДПМНЕ и вршат ревизија на сметката за претседателските избори за тековното работење, што побрзо да ја завршат и што побрзо да се расчисти и оваа конструкција и оваа лага којашто деновиве гледам дека се обидуваат како тема да ја залепат, но некако не им успева. Ние подготвени сме да сносиме одговорност за  последиците од сето тоа , но истовремено да го потсетам нашиот политички противник за случаите кои се водат за нелегалното финансирање на нивната политичка партија пред редовното Јавно Обвинителство, сега во моментов тие стојат од причини знаеме какви, но ќе дојде ден кога претпоставувам некое идно, независно Јавно обвинителство, ќе ги прегледа уште еднаш и ќе ги стави на брза трака и тие процеси , па ќе можат и тие да докажуваат како ја финансирале кампањата за изборите коишто ги загубија во минатото. Така што се обидов да ви одговорам на вашето прво прашање.

Второто ваше прашање беше поврзано со Уставниот суд. Јас како што знам Уставниот суд доби сега нов претседател или В.Д претседател и претпоставувам дека ова прашање ќе треба да му го упатите на претседателот на членовите на Уставниот суд. Јас немам ваши или мои судии, дури не ги ни познавам тие луѓе лично, ниту пак некогаш сум имал можност во животот да ги запознаам. Но, мислам дека поконцизен одговор на вашето прашање може да даде претседателот на владата, зошто токму сега и зошто токму вака на брза лента се става ова прашање да го одлучуваат уставните судии. Можеби Министерството за правда не е информирано за тоа како овој случај стигнал на дневен ред за одлучување на некоја од седниците на Уставниот суд. Можеби е добро да ви одговори господинот Зоран Заев, и потоа вие самите сте интелигентен,  паметен, млад човек, ќе може да дојдете до заклучокот зошто и како се доведовме во една таква  ситуација  да на месец и половина пред избори се менуваат систематизации во МВР, се интервенира во Уставен суд итн. Но, еве јас ќе ви кажам не ги познавам тие луѓе, да бидам искрен никогаш во животот не сум имал ни можност да се запознаам, со исклучок морам да бидам до крај искрен, еден уставен судија којшто е родител на моја пријателка, другите луѓе не ги ни познавам ниту пак имињата можам да ви ги кажам.

Со исклучок морам да бидам искрен еден уставен судија кој што е родител на моја пријателка и практично е родител на и на еден мој пријател. А другите луѓе ниту ги познавам ниту пак, имињата можам да ви ги кажам. Што се однесува до третото прашање, а тоа е како претендирам да бидам иден предводник на владата на Македонија, претпоставувам алудиравте на господинот Зоран Заев како градоначалник кој успешно ја вршел работата, еве ќе ви дадам еден одговор. Да, јас нема да бидам како Зоран Заев. Ниту пак, имам минато каде што некој поранешен претседател ме аболирал за сомнеж за сторен криминал. Ниту пак, сум барал од некого мито кога сум бил и кога сум обавувал некоја државна функција, кога сум бил советник во кабинет на премиер, кога сум бил генерален директор на Елем, ниту пак, ми паѓа на памет некогаш во иднина да побарам такво нешто затоа што тоа не само што не е дел од мојот карактер, туку едноставно мене ме воспитувале луѓе кои што тоа била основна лекција која што сум ја запаметил. А тоа е дека образот нема цена и дека не постојат услови со кои можам јас да ја загрозам чесноста и честитоста сопствена и пред се на моето семејство, а дури потоа и на политичката партија и сосема на крај нормално интересите на граѓаните и државата. Така што да, јас нема да бидам таков премиер каков што беше он. Јас нема да бидам премиер кој што кршеше државен имот, кој што бојадисуваше, кој што пишуваше писма во светот и ја загрозуваше макроекономската стабилност. Туку, ќе бидам премиер кој што ќе работи за и во интересите на граѓаните, а сега сум лидер на опозицијата кој што заедно, за жал со оваа неконструктивна влада работеше во процесот на ЕУ агендата за нашата држава нашата преубава Македонија да добие датум. За жал не успеа. Да, јас ќе бидам премиер кој што како опозиционер не бил како Зоран Заев кога бил опозиционер, да го кодошам и да се срамам од сопствениот народ, да се срамам од сопствената нација, туку јас сум горд Македонец кој што е горд на сопствената нација и на сопствениот народ, сум бил и ќе останам достоинствен и го барам само своето место во историјата, да направам нешто за мојот народ и за мојата нација, исто како најдобар студент во мојата генерација се пријавив доброволно да служам воен рок во гардискиот батаљон, а не како некои други поранешни опозициони лидери, а сега претседатели на влада кои вадеа белешки и не го дадоа основното да го исполнат долгот кон државата – барем да отслужат воен рок. Би можел да ви редам уште многу работи што не прават различни мене и Зоран Заев, но ви благодарам што констатиравте дека јас и Зоран Заев не сме исти, туку сепак сме многу различни. Што се однесува за другите ваши констатации, како што еднаш доле ми ветивте дека ќе ме поканите на интервју се надевам дека ќе имам таква можност во блиска иднина да дојдам на интервју кај вас и да ви дадам подетален одговор. Но, она што можам сега да го кажам што не ви се точни тие констатации.

Прашање: Вашиот коментар за францускиот нон-пејпер и ќе може ли кратко еден сублимант од целата презентација што ја направивте, колку вкупно изгубија пензионерите со укинувањето на вториот столб за трошоците на живот и колку ќе изгубат во 2020?

Одговор: Во моментов, ако ја набљудуваме само 2019 година, пензионерите просечно ќе изгубат 6.900 денари. Значи некој повеќе некој помалку но, во просек тоа е 6.900 денари по пензионер. Да претпоставиме дека од први јануари 2020 година заклучно со 31 декември 2020 година ќе се случат овие 700 денари, тогаш практично на нив ќе им биде вратено она што оваа година го изгубија. А догодина ќе изгубат дополнителни 5,972 денари. Или ако во овие две години просечното требаше пензијата да им порасне за 1.100 денари, таа ќе им порасне само 700 денари. Зборам со укинувањето на вториот столб каде што пензиите се усогласуваат согласно порастот на просечните плати. Но, тоа е таа политика која што за жал денеска е сеуште актуелна во Македонија за среќа на граѓаните е во заминување. Ме прашавте за францускиот нон пејпер. Јас би го коментирал во следната форма, прво е дека ние може ми не треба веќе да разговараме за дата, за преговори за влез на Република Македонија туку отпочнување на новата методологија. Тука има многу прашалници. И тоа ние сега имаме само рамка, оваа рамка треба дополнително да се доуредува, што значи дека ќе отпочне процес на внатрешна дебата во рамките на европските земји членки од ЕУ. Кога ќе заврши тој процес, ниту ние, ниту претпоставувам тие внатре можат во овој момент да ни кажат дали ќе заврши оваа година, другата година или некоја следна година. Значи тоа е првото кое треба да ни е јасно. Дека ова е рамка која што доаѓа како предлог на француската влада и за оваа рамка да се доуреди е потребна суштината. А суштината дополнително ќе отвори внатрешна дебата во рамките на ЕУ. Да претпоставиме дека во најскоро време ќе биде донесена и суштината и дека ние ќе имаме методологија. Тоа значи дека врз основа на таа методологија ние ќе имаме ревирзибилен процес кој што во минатото не беше случај, односно кога една земја кандидат ќе отвореше поглавје, преговараше за тоа поглавје и кога ќе го затвореше, немаше потреба тоа поглавје повторно да се отвора. Но очигледно земјите членки констатирале дека тука има некои недостатоци, односно практично дека се почитува договореното се додека не се затвори поглавјето, а дури потоа има можеби некакви варијации и отстапување во негативна смисла. Токму затоа сега се наметнува правилото на ревирзибилност. Доколку вие отворите поглавје, го преговарате и го затворите и не се држите до договореното кога сте го затвориле поглавјето, тогаш некој има можност да ве врати повторно од почеток. Таа можност може да биде објективна, доколку навистина не сте добар и не сте го испочитувале тоа што е договорено. Или пак да биде субјективна ако некои земји членки испорачаат од вас субјективни барања а вие во тој момент не сте спремни да ги прифатите како црвени линии и така натаму, тогаш тие секогаш ќе имаат можност да ве вратат во почетокот на тој ревирзибилен процес. Се надевам дека тоа нема да биде случај со Македонија и се надевам дека тоа што ќе го договориме ќе го почитуваме кога ќе ги затвараме тие поглавја, а сите земји дали тоа ќе биде објективно или субјективно тоа ќе го почитуваат. Она што за мене е одлична идеја е што имаме можност да ги користиме фондовите веднаш откако ќе биде затворено некое од поглавјата. Јас доаѓам од образованието, доаѓам од универзитетот. Во минатото беа темпус проекти меѓународни, јас сум искористил еден од тие проекти, сум бил во Германија, во Австрија, сум поминал магистратура во Италија и знам какви се можностите. Потоа дојде Еразмус програмата која што ни даде можност за размена на знаења, да се надградуваме и така натаму. Добро е што сега ќе имаме и ресурси откако ќе го затвориме поглавјето за образование, за да набавиме некој хардвер, да имаме надгледни средства на универзитетот. Бидејќи знаете дека буџетот беше лимитиран во минатото, а вака што сега се троши на непродуктивни работи и расфрлања, тогаш не верувам дека некому паѓа на памет да купи некоја нова лабораторија, да купи некој хардвер на универзитетите за да може да се стекнеме со знаење. И сосема на крај зошто ова го кажувам, ајде што го украдоа насловот за буџетот за инвестирање кај граѓаните од Индонезија, затоа што насловот таму беше “Инвестираме во граѓаните”. Ајде што тоа е погрешно и на реторика и на филозофија, туку тоа е класичен поткуп, со финансии не се инвестира во човечкиот потенцијал, се инвестира со знаење. Наместо да ги искористат тие средства кои денес се обидуваат да тргуваат со граѓаните на Македонија, наместо да ги искористеа и да испратеа со стипендии луѓе да се доквалификуваат, па тие луѓе да донесат знаење, па тоа знаење да го пренесат преку трансфер на знаење на генерациите што следат, ќе направат штета која што потоа ќе ни треба долги години за да се санира. Тоа е суштината на предлогот на нон пејперот, да имаме одржливост а не само реторика, а да немаме никакви испораки. Тоа е суштината која денеска на нас ни ја предочија неколку влади, неколку земји членки на ЕУ.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...