Заев и СДСМ три години водат политика со многу криминал, корупција и понижување, животот кој го ветија е најголемата историска лага

Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сме овде во Охрид како дел од агендата наречена „Разговори за обнова на Македонија“, средби со граѓани, она  кое што го почнавме практично таму некаде крајот на септември месец денеска го продолжуваме овдека во Охрид.

Продолжуваме и во неделите кои што следат се до 12 април 2020 година кога не само според ВМРО-ДПМНЕ и според граѓаните туку гледаме во последно време и според експертите и перјаниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните  предвремени парламентарни избори.

Но таа победа, треба да биде убедлива, затоа што ние мораме да обезбедиме што е можно повеќе пратеници во рамките на Парламентот за да превенираме од евентуален постизборен инженеринг, за да можеме политиките коишто ќе ги ветиме пред граѓаните да ги испорачаме. А за бидеме подобри, да бидеме поконкурентни да бидеме честити и чесни како што сме потребни ни се овие средби да разговараме со граѓаните, да разговараме за нивните проблеми да видиме што всушност денеска го мачи македонскиот граѓанин. А потоа ние да направиме програма која што ќе понуди решенија за тоа што можеме ние да го решиме во еден мандат. За тоа што не можеме да го решиме, не треба да бидеме како Зоран Заев и малкумината околу него кои што во овој момент подготвени се се да ветат само за да останат во тие фотелји каде што денеска се наоѓаат.

Нас ни е потребно ова , нас ни се потребни овие разговори за да учиме да бидеме подобри и да ја испорачаме најдобрата програма која што до сега некогаш се појавила на парламентарни избори. Но таа да биде базирана на дела и на проекти кои што ќе ги испорачаме. Да не ни се случи како што ние денеска правиме рецензија за програмата на Зоран Заев, некој за нас да прави рецензија и да излегува со бројки дека повеќе од 90% од тоа што било ветено во таа 2020 година не било испорачано.

Ние започнавме со еден таков проект кој што го именувавме како најголемата рецензија на најголемата поличка лага наречена „Живот во Македонија“. Досега поминавме две области, првата беше енергетиката, втората беше образованието. Во делот на енергетиката буквално 98% од тоа што е ветено не е испорачано. Значи реализацијата тоа кое што било ветено во2016 година за време на предвремените парламентарни избори, не било реализирано 98%. Повторно ќе дојде тука во Охрид, ќе се соберат, дали ќе биде тоа во културниот дом или овдека на плоштад и повторно ќе ветуваат, ќе ги гледаат луѓето во очи и нема да ја говорат вистината. Нема да зборувам дека лажат бидејќи  веќе сите знаеме дека Зоран Заев буквално еден ден, а да не испорача неколку лаги.  Ќе зборуваме дека нема да ја говорат вистината затоа што ние сме различни од нив, не сме како нив. И ќе дојдат овде и повторно ќе ветуваат, ќе се обврзуваат дека ќе направеле, само уште еден мандат им бил потребен за да  ги решат сите работи сега сме блескале.

Во делот на образованието повеќе од 90% немаат реализирано од тоа што го ветиле за време на изборите во 2016 година. Нема реновирани студентски домови нема квалитетно образование, универзитетите потонаа на Шангајската листа, од 1000 места најстариот универзитет во Република Македонија, универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска трета година воопшто не се ни наоѓа на рангирањето на шангајската листа. Нема младинска гаранција, за основните и средните училишта кои што ќе постигнат вонреден успех беа предвиделе во најголемата политичка лага зголемување на платите до 20% на вработените и велеа 10% од најдобрите основни училишта и 5% од средните училишта вработените во тие училишта ќе добиеле по 20% поголема плата од останатите. Тоа го нема. Ветуваа посебни кампови за талентираните деца каде што тие ќе се обучувале за натпревари , олимпијади, нити од тоа има нешто, еден куп лаги, еден куп невистини. Го укинаа екстерното за сега да воведат државен испит без никаква анализа, без никаква јавна дебата. Буквално немаат ништо реализирано.

Затоа браќа и сестри нам ни се потребни овие средби, овие разговори, за тоа што ќе го ветиме, тоа и да го испорачаме. Тоа што не можеме, треба чесно да ги погледнеме луѓето во очи и да кажеме дека ова ние не можеме да го испорачаме поради тие причини. Денеска повторно ќе зборувам за тоа што се случува и за тоа што е актуелно на македонската политичка сцена. Практично, актуелна е распродажба и расфрлање со вашите пари. Парите на македонската економија.

Денеска Зоран Заев е уплашен човек, се плаши затоа што знае дека овие речиси три години политиката која ја водеше изобилуваше со арамилук, со многу криминал, со многу корупција, многу понижување, со многу примитивизми од типот мало сутра и тепсијата со баклавата што останале изедени. Знае дека водеше политика на свиткана кичма на слугување, измислуваше, лажеше, креираше кампања против мене. Како се не ме нарекоа. Скандализираше работи кои што видовте и вчера дека ДКСК која што тој сам ја избра, самата му кажа дека сета онаа црна кампања која што нанесе штета за време на претседателските избори, која што нанесе штета на мојот интегритет и интегритетот на моето семејство, но најважно е што донесе штета на ВМРО-ДПМНЕ.

ДКСК јасно кажа дека било измислица неточна, биле обични лаги, клевети и обид да се засени лидерот на опозицијата, ама со него ќе го засениме и најдобриот кандидат што некогаш се појавил на претседателските избори, проф. Гордана Силјановска Давкова, а со тоа ќе го засениме и ВМРО-ДПМНЕ. Епа не може. Вистината порано или подоцна излегува на виделина. А вистината излезе вчера и токму од неговата антикорупциска комисија. 7:0 едногласно рекоа дека тука има само креација и лаги, дека тука нема ништо вистинито. Никој денес не слушнав да се извини. Сите оние што имаат полни усти со европски вредности, со честитост, чесност, вистина, еден не слушнав денес да излезе и да каже “се извинувам, погрешив”. За каква вистина зборуваме? Еве јас ќе кажам за каква вистина зборуваме.

Им ветуваше на вработените во образованието, потпишуваше колективни договори и најново сега им ветуваше дека од 1-ви јануари идната година ќе им ги покачел платите за 10%. Што е вистината и каква е вистината? Уште еднаш ќе повториме, според колективниот договор за вработените во образованието, секоја позиција си има коефициент на сложеност и стручност на работното место. За пример ќе ги земам наставниците и професорите од основното и средното образование. И тој коефициент е 2,5,33.  Коефициентот 1 е минималната плата во државата. До вчера минималната плата беше 12.500 денари, помножете го ова со тој коефициент кој ви го кажав 2,5,33. Ќе ја добиете вредноста која што сите вработени во образованието треба денеска да земат плата. А од денеска, тој коефициент помножете го со 14.500 денари, затоа што од пред некој ден, од завчера, минималната плата е 14.500 денари. Помножете го со коефициентот 2,5,33. Таа е платата која што вработените во образованието без додаток од стаж и без додаток од класно раководство треба да ја имаат. А не оваа која што денеска Зоран Заев и владата на СДСМ велат дека ја даваат.

Тоа се 10.000 денари повеќе секој месец. Ајде нека се охрабрат ако се честити, ако се искрени во намерата, а не го користат тоа во популизам, ајде ако сте честити зголемете ги платите на наставниците во основните и на професорите во средните училишта онолку колку што треба согласно законот за минимална плата и согласно колективниот договор во образованието. Кога сме кај минималната плата два дена траеше комисиската расправа за зголемување на минималната плата на 14.500 денари.

Вториот ден бидејќи многу им значеше на оние лицемери од СДСМ и од парламентарното мнозинство не можеа да се соберат 61 во парламентот да го изгласаат тоа што самите го предложиле. Не кодошеа не клеветеа пишуваа статуси ВМРО-ДПМНЕ бил против минималната плата не е точно. ВМРО-ДПМНЕ гласаше затоа што тие лицемери немаа 61 пратеник кој што во тој момент ќе ја изгласаше минималната плата туку ВМРО-ДПМНЕ за интерес на граѓаните бидејќи тоа го вети во програмата во 2016 година дека во 2020 година минималната плата ќе биде 15.000 денари но не вака интервенционистички туку врз основа на реални економски параметри ќе ја зголеми. Гласаше и денеска минималната плата е 14.500 денари, а овие лицемери кои што тоа го ветуваа и клеветеа и кодошеа и зборуваа невистина не успеаја да соберат 61 пратеник за да може да им го поддржи она кое самите го ветија.

Ајде да зборуваме и за пензиите гледам полни им биле устите пензионерите ќе добиеле 700 денари плус. Ајде за тоа да зборуваме. А зошто да не зборуваме за оние срамни и понижувачки 36 денари кои сега ги добија. Го слушам во Прилеп се препелка навредува се сеќавате на она „мало сутра” примитивно вели се заканува уплашен човек знае  дека после 12 април одговорноста следи нема бегање. Доаѓа потоа одговорноста. Вели ние ја покачивме просечната плата во државата за 3000 денари. Ако вие сте ја покачиле просечната плата  за 3000 денари согласно законот за пензии тогаш требаше пензијата да ја покачите за најмалку 1500 денари. Колку е сега пензијата? Нека ги погледнат паричниците на пензионерите. За 3 години од 2016 година до 2019 година 5 проценти вкупно се зголемени пензиите. Девалвацијата, инфлацијата, трошоците за живот се повеќе од 6 проценти.

Во периодот до 2010 до 2016 година пензиите се зголемија за 33 проценти или 5,5 проценти годишно, колку овие за 3 години успеаја да ги зголемат. Кого лажете? Им земавте на пензионерите по 1.500 денари со закон па сега ќе сте им врателе 700 денари. Немојте да мислите дека овој пат лагата ќе ви помине. Ве чека огромен сенароден револт позади гласачките кутии на 12 април 2020 година. А на 13 април подгответе се за одговорност за се она кое и го направивте на Македонија. Често пати велат добро овие не ги бива ништо не направија излажаа, што нуди ВМРО-ДПМНЕ? Што нуди ВМРО-ДПМНЕ за да го привлече гласот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нуди политика која што ќе се темели на честитост, чесност, принципи, аргументи, работа, работа и само работа. ВМРО-ДПМНЕ нуди спротивно на примитивните радикални политики од типот all in, тепсијата , баклавата , мало сутра или они смешни пранкери кои што го насамарија нашиот премиер една година.

ВМРО ДПМНЕ носи сериозност, носи стратегија и остварување на крајната цел. Брз економски развој, за да имаме брз економски развој потребни ни се темелни реформи во правосудството но не само како реторика него овој пат и испорака, испорака уште во првите 100 дена , уште во првите 100 дена граѓаните ќе ја забележат  разликата помеѓу оваа влада неспособна на СДСМ и умерениот патриотизам кој што ќе победи на 12 Април 2020 година.  Огромна ќе биде таа разлика.

Со реформи во правосудството со реформи во обвинителството и во судството, следуваат и инвестиции следуваат повеќе средства во буџетот а со повеќе средства  од буџетот ќе има повеќе  и за реформи во образованието и за реформи во здравството и за реформи во земјоделието и за реформи во пензискиот систем и поголеми пензии за пензионерите , поголеми реформи за бизнисмените и сето тоа ќе биде дел од следната програма на ВМРО ДПМНЕ , но ќе се темели на методологија која што ќе можеме да ја докажеле и која што ќе можеме да ја оствариме.

Ние нема да си дозволиме да ветуваме се и сешто. Зоран Заев и овие малкумина уште што не ветиле бесмртност, друго буквално се ветуваат ширум Македонија. Ние тоа нема да го ветуваме. Ние ќе ветуваме она што можеме да испорачаме, затоа што сакаме да си го сочуваме образот, затоа што сме луѓе од збор, честити луѓе и луѓе кои што сакаат да си ја видат државата модерна европска држава која што ќе нуди можност за сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Умерениот патриотизам е неизбежен и неизбежна алка а тоа е како назад за си го вратиме македонизмот, како назад да си ја вратиме Македонија  во Македонија. Доста беше антиквизација доста ни беше севернизација нас ни треба македонизација и тоа македонизација во секој сегмент од македонското општество. Македонизација и во Охрид и во Тетово и во Куманово и во Струмица и во Велес и во Гевгелија.

Секаде на овие 25.000 квадратни километри. Ние сме Македонци горди кои што говорат македонски јазик и се од Македонија и тоа не може никој да ви го одземе ниту па некој има право да спори со тоа.

Но македонизмот не треба да биде ексклузивно право само на македонскиот народ. Ние сите тука сме се родиле , тука сме живееле тука сме растеле сме се образувале сме тагувале и сме се радувале и претпоставувам, најголемиот дел од нас тука к ќе ги завршиме нашите животи. Без разлика дали сме Македонци дали сме Албанци дали сме Турци , Роми, Египќани, Власи , Бошњаци, Срби и нека ми простат останатите ова е наша заедничка земја и да си го поставите сите прашањето овој пат што можам јас да направам за Македонија а не што може Македонија да направи за нас.

Тоа е македонизмот што ние сакаме да го вратиме без разлика на нација, вера да си ја сакаме Македонија и да си ги браниме овие 25.000 квадратни километри. Да бидеме горни Македонци без разлика каде сме сите оние кои што велат дека не може подобро сите оние кои што велат дека е се завршено не треба да очајуваме напротив треба да веруваме дека можеме и треба да се бориме.

Само доколку се бориме може да победиме и можеме да успееме. Затоа сосема на крај сакам овде од Охрид да порачам ние сме горди Македонци кои што можеби губеа по некоја битка во минатото но секогаш на крајот војната сме ја победувале. И овој пат ќе ја победиме војната кога и да заврши знаеме како имаме план имаме визија.

Да ние жива и здрава и вековита нашата најубава Македонија да ни е вечен Охрид да сте ми живи и здрави вие Охриѓани.

Ви благодарам уште еднаш.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...