СДСМ во последните 3 години успеа само во распродажба и лицитација на националните интереси со нашето достоинство и со нашиот идентитет

Интегрален текст од изјава за медиуми на Тимчо Муцунски

Почитувани,

Навистина е тешко да се води политичка битка против власт која што е непринципиелна, која што ги користи институциите единствено во своја полза и за пресметка со својот политички ривал.

Значи време е во оваа држава да добиеме влада која што ќе биде фокусирана на реформи не влада која што има единствено за цел ново политичко владеење туку влада која што ќе се фокусира на економијата, на здравството, на образованието, на туризмот.

Денес сме во еден од најубавите делови од Македонија кој што е целосно запоставен нема луѓе по улиците, младите се иселуваат бидејќи нема никаква гаранција за нивната иднина. Треба да понудиме прогрес,  треба да понудиме развој и тоа сето ќе го видите во една конкретна политичка програма насочена кон подобрување на сите овие области кои ги спомнавме. Имаме влада која во последните 3 години успеа само во една работа, распродажба и лицитација на националните интереси со нашето достоинство и со нашиот идентитет.

Ќе имаме влада која ќе се грижи за тие прашања примарно пред се и над се ќе се грижи Македонија да стане пристојно место на живеење. Тоа ќе го направиме со конкретни и стратешки реформи со одличен тим на кадри кои што имаат  професионално искуство, секој во својата област луѓе кои ќе ја направат Македонија место каде што може младите не само да останат, туку и тие што се иселени, тие за кој секој ден ни е тешко бидејќи не може да ги гледаме секојдневно нашите семејства, нашите пријатели да ги вратиме.

Да создадеме услови да веруваат дека институциите функционираат да веруваат дека здравството функционира да веруваат дека нивните деца може да учат во еден квалитетен образовен систем. Тоа ќе го видите од ВМРО-ДПМНЕ конкретна програма конкретни кадри луѓе кои ќе понудат прогрес и работа не за свои лични интереси туку работа за вас. Единствените кои можат да ги направат промените во нашето општество сте вие.

Ние може да ви дадеме понуда да работиме со вас. Ако вие не ја дадете вашата поддршка на 12 април тогаш работиме без цел. Така да гласот кој што треба да допре сте вие да зборувате со вашите најблиски, со вашите пријатели да ги убедите дека сте на вистинската страна на страната која од 13 април ќе почне да нуди прогрес за Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...