СДСМ и Заев на наставниците и професорите им кратат 1.100 евра годишно од тоа што им следува според колективниот договор

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ водат манипулативна политика кон професорите и наставниците од основните и средните училишта.

Професорите и наставниците од основните и средните училишта се оштетени од политиките и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ.

Замислете, покрај покачувањето од 10% и тоталното непочитувањето на колективниот договор од 2010 година за просветарите, СДСМ и Заев им кратат од платите секој месец на професорите и наставниците по 5.660 денари.

Во една година секој еден наставник земал плата 1100 евра помалку од тоа што му следува според колективниот договор.

Ги повикуваме СДСМ и Заев да почнат со исплаќање на платите според колективниот договор потпишан во 2010 година каде што платата ќе им изнесува според коефициентот на сложеност за пресметка на плата од 2,533, кој се множи со минималната плата и во тој случај платата ќе им изнесува 31.660 денари.

СДСМ и Заев мора да прекинат со манипулативниот популизам.

СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата, бидејќи тие се столбот на општеството и ги учат нашите деца.

Веднаш по 12 април следува Обнова на Македонија. Ние не ветуваме популистички мерки, ние не ветуваме како Зоран Заев се само за да дојдеме на власт, ние само ќе работиме согласно Уставот и Законите. Законот вели дека треба да се почитува колективниот договор од 2010 година и така и ќе биде по 12 април

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...