Дали Јовче Ременски уценувал лица со изнесените класифицирани информации кои ги чувал во сопствениот дом?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ е синоним за криминал, а со Зоран Заев на власт, правото и правната држава не постојат. Рекетот, изнудите и корупцијата се модус операнди на Зоран Заев и сите негови функционери.

Зошто му се на Јовче Ременски имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље? Дали уценувал или планирал да уценува некого? Дали се заканувал или нудел заштита на осомничени и инволвирани лица?

Ова се сериозни прашања кои се наметнуваат откако вчера јавноста се вознемири со информацијата дека соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

Тоа што дополнително загрижува е фактот дека власта и истражните органи молчат за овој скандал.

Устата им е полна со наводен ветинг, а немаат информација дека нивен функционер ја изнесувал доверливата архива и си правел сопствена. Како е можно овој човек да го мине филтерот за влез во новата Агенција за Национална Безбедност, а згора на сето тоа и да врши селекција на останатите кадри оценувајќи ја нивната работа.

Почитувани,

Со овој скандал Зоран Заев и СДСМ фрлија дополнителна сенка врз целосниот процес на селекција на кадри во новата Агенција за Национална Безбедност и целосно ги потврдија сомнежите дека процесот е политички и коруптивен, а не професионален.

Зошто Агенција за Национална Безбедност кога дознала дека кај Јовче Ременски се пронајдени информации и документи од истраги не го суспендирала и не започнала постапка против истиот!?

Има ли удел Јовче Ременски во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?

Дали е потребен дополнителен медиумски притисок кон ЈО и МВР за да почне да си ја вршат работата!?

Доколку со таква леснотија се изнесуваат документи од МВР, дали како држава треба да стравуваме дека и други лица поседуваат класифицирани документи во своите домови и ги користат за приватни работи и уцени!?

Која е безбедноста која ја гарантира МВР кога не можат да ги заштитат ниту сопствените материјали!?

Спасовски се покажа како целосно неспособен. Безбедносниот систем ни е целосно крахиран. Одговорност мора да има.

Оваа несериозна влада мора час поскоро да си замине. На 12 април граѓаните ќе ги испратат СДСМ во историјата. По 12 април следува обнова на Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...