Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Латвија, Гунта Пасторе

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Латвија г-ѓа Гунта Пасторе.

На средбата  се разговараше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформските процеси и македонската интеграција во Европската Унија и НАТО.

Мицкоски потенцираше дека членството во ЕУ и НАТО останува клучна стратешка определба на државата, но изрази загриженост заради недостигот на реформи кои владата на СДСМ не успеа да ги исполни заради што Македонија не доби датум за членство во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт спротивно на исполнување на приоритетните реформи ги зароби правосудните органи и заглави во сопствениот криминал и корупција. Наведе дека високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали како Рекет 1 и Рекет 2 за кои се водеше крајно непрофесионална истрага и се далеку од разрешница.

Мицкоски посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети исполнување на клучните реформи, поголема независност на институциите и брзо подигање на македонската економија која во моментов е на дното.

Соговорниците се согласија дека се добри односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошна поголема соработка помеѓу Република Латвија и Република Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...