Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Власта најави дека нема да има застарување на делата, исто така од власта се споменува и варијантата ветинг во правосудството, кој е вашиот став?

Одговор: Најпрвин парцијално да ви одговорам во однос на застарувањето на делата. Во СДСМ, внатре малку се конфузни. Заев бара преиспитување на уставноста на членот 353 од Кривичниот законик, додека пак Кирацовски бара да нема застарување на делата. Така да, нека се преиспитаат за што се, и да не бидат толку конфузни. Сепак тоа се работи за уставна измена, потребна е уставна иницијатива за да се отвори Уставот и веднаш потоа да се разгледува, што и како ќе се менува во Законот. Во однос на ветингот, апсолутно е потребен е ветинг. Да, не речам во секое време, меѓутоа треба да се опфати ветинг не само за сегашните или за оние именувани лица во правосудството, туку треба да се отпочне ветинг буквално за сите претходно. Но и да се отпочне ветинг и за сите политичари во Република Македонија. Бидејќи, сепак ветингот треба да го врши Влада која што нема инкриминирани дејствија. Така, да еве ние апелираме да се отпочне и со ветинг за политичарите, буквално за секој еден политичар кој што бил на функција или во моментот е на функција, или ќе следи на функција.

Прашање: Значи би го подржале ветингот во правосудството?

Одговор:  Како што реков, ние сме за ветинг. Меѓутоа, ветинг кој што ќе ги опфати и политичарите, а не само одредена структура на вработени  во институција. Затоа што сепак ветингот треба да го прават луѓе кои што немаат инкриминирачки дејствија. Во моментов ветинг предлага влада која што да не речам до гуша е заглавена во секакви криминалии и разно разни обвинителски постапки кои што се отворени, но сепак се застарени благодарение на обвинителството. Така, да потребен е ветинг и на политичари и на оние што биле на функции и оние што во моментов се на функција, но и оние кои што треба да дојдат на функција.

Прашање: А, ќе ја прифатите иницијативата на Кирацовски?

Одговор: Како што реков, најпрвин нека се договорат внатре во партијата, Зоран Заев и Кирацовски. Бидејќи многу конфузно настапуваат. Едниот е за едно, другиот е за друго. Бидејќи сепак тоа е отворање на Устав, сите работи за уставна иницијатива, и треба да го видиме целосниот предлог како ќе треба да биде приложен во Собранието. Па веднаш потоа ќе разговараме.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....