Еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на улица „Максим Горки“ денес на најбрутален начин беше искасапен од СДСМ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антоанета Трајковска

Почитувани,

Ова зад мене беше еден од најрепрезентативните дрвореди во Скопје на улица „Максим Горки“. Јапонските цреши кои беа посадени во време кога со Градот управуваше ВМРО-ДПМНЕ, денес на најбрутален начин беа искасапени од страна на градските власти на СДСМ.

Во време кога загадувањето руши рекорди, а граѓаните секојдневно се трујат од воздухот, наместо да се засадат нови дрвја тие ги сечат веќе постоечките.

Местото кое важеше за белег на Скопје, стана место на пустош и мизерија.

Со изговор дека се исушени ова е една од најмасовните сечи на дрвја во центарот на Градот.

Почитувани,

Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија.

Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници.

Шилегов и Богдановиќ се лицемерни. И работат на штета на интересите на граѓаните на општината и на Градот Скопје, и животната средина.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...