„Живот во Македонија“ на СДСМ може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија“

Соопштение до јавноста

Измамникот Заев е синоним за лагата.

Листата на лагите и лажните ветувања од актуелната  власт нема крај.  Лажењето експлодира, бидејќи Заев се соочува со страв од поразот кој знае дека го очекува на 12 Април следната година.

Програмата „Живот за Македонија“ на СДСМ со која ревносно мафтаа пред три години во предизборието, сега може да се именува како „Најголемите политички лаги во Македонија“. Сега измамникот повторно манипулира со наводно зголемување на плата, а реалноста е дека повторно ги лаже професорите и наставниците кои и до сега требаше да изнесуваат 31.660 денари  или 5.660 денари повеќе од оние 10% што власта сака да го претстави како зголемување.

Доколку со сегашната минималната плата од 12.500 денари се помножи коефициентот на сложеност од 2,533 ќе искочи дека професорите и наставниците треба да добијат 5.600 денари повеќе од она „зголемување“ од  10 % кое власта вели дека го исполнува.

Лагите и манипулациите на СДСМ само се потврдија со бегањето од гласањето на новиот закон за минимална плата, со кое впрочем доколку истата се покачи на 14.500 денари, ќе се потврди дека согласно Колективниот договор во образованието платите на просветните работници треба да бидат 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од лагата која што власта се обидува да протне на најпопулистички начин.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги рецензира лагите на оваа власт се до нејзиното заминување. Владата на Заев ќе остане да биде забележана како нејнеспособна влада во историјата на Македонија, никој не смее да се служи со манипулации за политички поени. На Заев му е јасно дека одговорноста за неговите лажни политики и манипулаторските мерки ќе кулминира на 12 април следната година, кога граѓаните ќе ги казнат фиктивните мерки и расипничкото трошење на народните пари.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...