Заев и СДСМ им кратат на професорите во основно и средно образование цели 5.660 денари од нивната плата месечно    

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец.

Оваа власт за само една година на еден професор од основно или средно образование, му крати односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.

Наводното покачување од 10% е само замачкување на очи и прикривање на овој грабеж кој го прават  врз просветните работници.

Имено наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%.

Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари тогаш согласно закон и колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев.

Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги изманипулира. И не им ја дава платата која со закон им следува.

Лагата повеќе не поминува. Наставниците и професорите знаат дека заслужуваат повеќе и тоа е нивно законско право и не зависи од Зоран Заев, зависи од Законот.

Наставниците и професорите треба да си го добијат она што го заслужуваат со закон. Без притоа Зоран Заев да се фали дека воопшто нешто им дал како покачување, бидејќи тоа е нивно стекнато право, како просветари кои се столбот на системот и државата.

Почитувани,

На лагите на Зоран Заев и СДСМ им нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина.

Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособната влада, затоа по 12-ти април доаѓа реформска влада, доаѓа влада која што ќе изврши обнова на Македонија, и која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува колективниот договор потпишан 2010-тата година.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...